Во минатиот пост пишувавме за најпоставуваните прашања во врска со клима уредите. Таму објавивме еден дел од нив а сега ќе породолжиме таму кај што застанавме, односно ќе ги одговориме останатите прашања поврзани со климатизацијата.
1. Дали се препорачува клима уредот да работи цела ноќ?
Се препорачува клуматизерот да се вкучува само во текот на денот. Доколку и во ноќните часови температури се високи, тогаш вклучете го климатизерот да работи на минимун. Човечкото тело дедека сонуваме се лади и доколку температурата во собата е прениска, постои можност да се разбудиме со болки во мускулите или пак преладени.
2. Зошто од внатрешната единица понекогаш се слуша пуцкање?
Со менување на температурата во куќиштето на ватрешната единица пластиката се шири или собира, па токму поради тоа се слуша пуцкањето.
3. Дали климатизерот може да предизвика одредени болести?
Денеска во медиумите се почесто се говори за штетните влијанија на климатизерите по здравјето на луѓето. Во светот се регистрирани болести кои воглавно се врзуваат за големите климатизациони системи, каде во каналите за довод на воздухот, поради зголемената влажност на воздуот се развиваат бактерии. Во куќните инсталации каде најчесто се инсталираат сплит системи, најбитно е правилното подесување на температурата која ќе одговара на просторот и човечкото тело да не се изложува директно на ладниот воздух од климатизерот. Доколку климатизерот не дува во нас, тој не претставува никаква опасност по нашето здравје.
4.Дали предупредувањата за штетноста на климатизерите се оправдани?
Генерално гледано, климатизерите се добри за здравјето ако правилно се користат. Одржувањето на иста температура и влажност можат да им помогнат на луѓе кои боледуваат од срецеви болести и на луѓето кои имаат проблеми со притисокот. Меѓутоа во климатизираните простории освен за температурата, струењето на воздухот, влажноста на воздухот, потребно е да се грижиме и за микробиолошкиот квалитет на воздухот кој го вдишуваме. Воздухот од климатизерите кои не се одржуваат редовно, често пати е со многу лош квалитет, а понекогаш и со многу лош мирис. Влажните, темните, и нечистите делови внатре во климатизерите, се особено погодно место за размножување на разни видови бактерии, а изложеност на луѓето на ваквите бактерии може да предизвика определени болести. Но сепак размножувањето може да се спречи со редовно чистење на климатизерот.
5. Која е главната причина за лошиот квалитет на воздухот?
Главната причина за лошиот квалитет на воздухот во климатезираната просторија е слабото, а понекогаш и никаквото чистење, односно одржување на климатизерот. Проблемот со квалитетот на воздухот, посебно е изразен во просториите каде се користат локални системи за климатизација (прозорски клима уред и сплит системи).
6. Како се одржуваат климатизерите, дали е неопходна припрема за летниот и зимскиот период?
Доколку климатизерот не се користи подолго време, во него се насобираат прашина и разни бактерии, па токму поради тоа е неопходно чистење и припрема на клима уредот за почетокот на сезона.
7. Дали јонизаторот е корисен и како тој го зголемува квалитетот на воздухот во просторијата?
Мачнината како што е главоболката, несоницата и нервозата, се предизвикувааат токму од намалената количина на јони во воздухот. Јони се честици кои се многу важни за расположението на човечкиот организам и доколку нивниот одност е намален или зголемен се чувствува промена во организмот. Кај климатизерите кои поседуваат јонизатор, негативните ефекти поврзани со јоните се сведени на минимун.
Ова се само уште еден дел од најпоставуваните прашања во врска со климатизерите. Во следниот пост ќе ги објавиме и останатите неодговорени прашања, со што ќе го затвориме циклусот од најпоставувани прашања за клима уредите.
Leave a Reply