Најчесто поставувани прашања за клима уредите

Поради топлите денови кои во изминатиов период го достигнаа својот максимун, на нашата адреса пристигнаа многу прашања во врска со клима уредите и климатизацијата. Ние преку изминативе постовите се обидуваме да одговараме поединечно на секој од нив, но сепак некои останаа неодговорени. Токму поради тоа сега ние ќе ги наведеме најпоставуваните прашања во врска со климатизацијата и ќе ги одговориме.

1. Дали греењето со климатизер е исплатлив начин на греење?
Да, климатизерите трошат многу помалку електрична енергија (во споредба со топлатната енергија која ја емитуваат), од останатите грејни тела кои работата на струја. За 1,2 kw потрошена електрична енергија, климатизерот емитува 2,5 – 3,8 kw излезна топлинска моќ. Доколку станува збор за клима уред – инвертер, разликата помеѓу потрешната енергија и излезната моќ е уште поголема.

2. Која би била големината на клима уредот кој ќе одговара на моите потреби?
Капацитетот на климатизерот се одредува по основа на повеќе параметри: големина на просторијата (облик и намена), местоположба на просторијата (број на сончевите страни), стаклена површина, број на електрични апарати во просторијата, термичка изолација на просторијата, број на луѓе кои поминуваат време во просторијата и.т.н. На основа на овие параметри може прецизно да се одреди големината на клима уредот.

3. Кој гас е еколошки? Дали е битно климата да користи еколошки гас?
Поимот еколошки гас кај клима уредите се однесува на тоа кој тип на фреон се користи во климатизерот. Еколошкиот гас фреон R410a најмалку ја загадува околината, и најмалку има штетно влијание на озонската обвивка. Овој податок не влијае на квалитетот на воздухот во просторијата.

4. Што е сплит систем?
Тоа е модел на клима уред кој се состои од два посебни дела: внатрешна и надворешна единица. Кај овој вид на клима уред нема размена на воздухот со надворешниот (воздхот само кружи во просторијата) и затоа е неопходно почесто да се проветрува просторијата.

5. Што е инвертер?
Инвертер е напредна технологија во климатизацијата, која ја регулира работата на компресорот, а со тоа и потрошувачката на електрична енергија. Клима уредите инвертер можат да се користат и кога температурата е во минус, најчесто работат до минус 15 степени.

6. Дали климата може да грее при надворешна температура испод 0 степени?
На секој клима уред на надворешната обвивка или пак во спецификацијата пишува до колку степени испод нулаа може да грее, а сите клима уреди – инвертери можат да се користат целата грејна сезона.

7. Која е оптималната зададена температура?                                                                                                                                             Оптималната температура зависи од надворешната температура. Препорачливо е во летниот период, разликата во температурата да не биде поголема од 10 стпени помеѓу надворешната и внатрешната тепература, затоа што организмот може да доживее шок.

Ова се само дел од поставуваните прашања. Во наредните постови на истиов начин ќе ги одговориме и останатите. Доколку во меѓувреме има уште некои дополнителни, слободно пишете ќе ги вклучиме во распоредот.

Остави коментар

*