Алумпласт од Giacomini R999

Во глобала за дистрибуција на топла и ладна санитарна вода се користат цевки без разлика дали се тоа метални или пластични цевки. Сега ќе зборуваме за еден поразличен систем кој покрај тоа што се користи како систем за дистрибуција на санитарна вода, се користи и во системите за греење која е и главна причина за неговата широка примена. Ќе зборуваме за широката употреба на алумпласт.

Современта дистрибуција на вода преку алумпласт има многу предности во однос на класичниот пренос преку железни или бакарни цевки. Поставувањето на алумпластот одзема многу помалку време за разлика од металните  цевки за кои е потребно многу лемење, составување, правење на агли и беброј други операции. Има многу поголема проточност на вода поради неговата форма и не губи на притисок затоа што има многу помало триење.

Алумпластот на Giacomini е составен од 5 слоја припоени еден со друг така да губитокот на топлина е сведен на минимум.

Алумпласт

Надворешната обвивка е направена од специјален пластичен материјал полиетилен (пекс), по него следи леплива материја која се спојува со алуминиумот кој е во средина. Алуминиумот е со дебелина 0,2 мм и е ласерски заварен.  Потоа следи уште еден слој на леплива материја и обвивката завршува пак со полиетилен (пекс).

Карактеристики

  • Работна температура  0°C- 95°C степени
  • Работен притисок   10 bar
  • Mаксимлна работна температура за краток период 110°C

Употребаа на алумпластот во грејните системи е масовна поради неговите карактеристики и затоа што не претставува никаков проблем при монтажа, но најмногу поради тоа што се поставува под подот. Значи не е видлив, што од естетски аспект придонесува за поубава слика, затоа што до нашите радијатори не оди еден цел систем од цевки.

Алумпластот во зависност од потребата го има во различни димензии. 16 x 2, 18 x 2, 20 x 2, 26 x 3 и.т.н

Што се однесува за димензиите ќе го објасниме Ø16 х 2 повеќеслоен алумпласт. Тоа значи дека надворешниот дијаметар на цевката изнесува 16 мм, додека дебелината на ѕидот е 2 мм.  Истото објаснување важи и за Ø26 х 3, само тука дебелината на ѕидот е 3 мм.

За алумпластот никакво одржување не е потребно, кога ќе го поставите така останува за разлика од цевките кои би требло на некој одреден период да се префарбуваат. Не оддаваат топлина, поради тоа водата останува уште долг период топла. Поради сето ова горе наведеново металните цевки полека се истиснуваат од пазарот а се очекува за некој период и целосно да не се употребуваат во системите за грење.

Comments

  1. so koi dimenzii e razvodnata kutija vo koja se vrzuva glavniot dovod so instalacijata , pr. ako e za vodovodna mreza vo WC

Остави коментар

*