Припрема на клима уред за сезона

И самите сме сведоци дека температурите секојдневно се во постојан раст. Деновиве не зафати и топол африкански бран, што дополнително придонесе климатизерите да работат речиси постојано. За да не се случи климатизерот да се расипе во најголемата жештина, потребно е да го припремиме климатизерот за периодот кога постојано ќе работи. Сега ќе зборуваме за се што е потребно, климатизерот да се подготви за сезоната на ладење.

Редовните сервиси во кои спаѓаат, проверувањата на нивото на гасот (фреонот) во системот и  проверувањата на маслото во компресорот и нивниот меѓусебен однос се клучни за долготрајноста на клима уредот. При редовниот сервис уште се проверува и дали системот е правилно вакумиран и антибактериски се чистат надворешната и внатрешната единица.

Потребата за чистење произлегува од начинот на работата на клима уредот. Во еден од претходните постови пишувавме, какви се видови на филтри за климатизери постојат и на кој начин се чистат. Таму се запознавме дека при филтрирањето на воздухот во просторијата, на нив се задржуваат најразлични бактерии и микроорганизми, кои би требало да се отстранат пред климата константно да почне со работа. Микроорганизмите заедно со прашината што се има насоберено на филтрите, со текот на времето формираат наслаги кои делуваат како изолатор и ја намалуваат моќноста на климатизерот, а со тоа се зголемува потрошувачката на електрична енергија, за да се добие саканата температура.

Со редовниот сервис и со чистењето на клима уредот се продолжува животниот век на истиот, се заштедува електрична енергија, а најбитното од се е чистиот и здрав воздух кој ќе го имате во вашиот дом или работна просторија.

Остави коментар

*