
Веќе подолг период на нашата адреса доаѓаат прашања во стилот, кој вид на греење е подобро.
Дали греењето со котли на цврсто гориво, дали на струја, дали сончевата енергија може да се користи како извор за затоплување, подното или радијаторското греење е подобро и уште многу други.
Ние ќе се потрудиме да одговориме на сите тие прашања, преку тоа што ќе ги споредиме сличностите и ќе ги истакнеме позитивните и негативните стрaни на некој од системите. Денеска нашето внимание ќе го задржиме на споредбата помеѓу подното и радијаторското греење.
- Најчесто поставуваното прашање е кој вид на греење е поекономично. Во овој случај подното греење е поекономично за разлика од радијаторското за околу 20-30%. Што значи тоа? Тоа значи дека доколку имате една просторија која ја загревате со радијатори, за да ја добиете истата амбиентална температура на просторијата со системот за подно греење ќе потрошите помалку енергија во износ од 20-30% во однос на она што ќе го потрошите со радијаторите.
- Подното заштедува на простор за разлика од радијаторското. Подното греење само го чувствувате, односно ја чуствувате топлината а грејните тела не се видливи и не заземаат простор, додека пак кај радијаторското греење тоа не е случај. Не ретко при поставувањето на мебелот во вашиот дом се среќавате со проблемот одредено парче мебел да не го ставате околу радијатородт за да не го блокирате. Со подното греење со вакви проблеми не се среќавате.
- Комфорот кај подното бидејќи одите по топол под (паркет, ламинат, плочки, итн) за разлика од радијаторското кој топлиот воздух го праќа во горниот дел од просторијата. Колку пати до сега не се имате осмелено да одите боси на плочките во кујната или во купатилото зошто се ладни? Подното внесува комфор во вашиот дом.
- Можност за зголемување на влажноста на собата со радијаторското греење со ставање на мокра крпа или сад со вода на него, што кај подното тоа не е изводливо.
- Естетика кај подното е на повисоко ниво, бидејќи кај радијаторското се гледаат најразлични цевки, фитинзи, вентили, итн.
- Во зависност какви материјали ќе користите, односно со каков квалитет, инвестицијата околу целокупната инсталација на системите за греење е различна. Доколку користиме материјали со приближно ист квалитет и во двата системи, инвестицијата за подно е поеономична за околу 30% .
- Доколку планирате да се затоплувате со помош на подното греење, целокупната инсталацијата треба да ја направите уште во изградбата на објектот бидејќи подоцна инсталацијата е потешка, додека кај радијаторското постојат повеќе опции. Доколку не постои можност за поврзување на радијаторите со алумпаст, постои можност на поврзување со бакар или со црна цевка.
- И во двата случаи за греење на просторијата се користи вода така да се отвара избор околу загревањето на водата, односно со помош на што сакаме да ја загреваме водата пр. со котел на цврсто гориво, на струја, со помош на сончева енергија итн.
Се надеваме дека помогнавме доколку постоеше дилема околу вашиот избор, кој тип на греење ќе го поставите во вашиот дом. За сите останати прашања кои што во горенаведениот текст не успеавме да ги опфатме ви стоиме на располагање.
Убава идеја да не информирате сите нас кој се бавиме со градежништво а не сме машинци (стручнаци за топловодно греење)
Благодариме
Почитувани,
Термо Систем сегогаш е отворен за соработка и во иднина доколку имате потреба од стручно мислење или консалтинг услуги слободно можете да не контактирате затоа што ние постоиме за Вас. Доколку пак се регистрирате на нашата веб страна, бесплатно ќе започнете да добивате едукативен материјал кој во иднина би можел да ви биде од голема корист.
Со Почит,
Термо Систем
me interesira vkupna cena so site materijali i montaza na podno parno greenje na struja za 80m2,
4 prostorii – so pooddelna regulacija za sekoja prostorija
so priklucok na bojler vo banja i kujna
+- cena, normalno ne moze konkretna da bide
dali mozam da dobijam telefonski broj da iskontaktirame za podetalno
vi blagodaram na informacija