
Секое семејство има потреба од топла санитарна вода за секојдневните потреби во домот. Добивањето на оваа топла вода значи дополнителен трошок на енергија која и тоа како се одразува на сметката за струја на крајот од секој месец. Во интерес на заштедување на веќе затоплената вода од Giacomini доаѓа мешачкиот термостатски вентил. Тој е производ со многу практична намена кој е изработен од квалитетен материјал со кој ќе имате загарантирана заштеда на затоплената вода од вашите бојлери.
Мешачкиот термостатски вентил на Giacomini се инсталира на домашните системи за санитарна вода, се со цел да се добие заштеда на топлата вода во бојлерите, а со самото тоа и заштеда на енергијата потрошена за водата да се затопли. Овој вентил овозможува поголема удобност при користењето на топлата вода и отстранување на секакви ризици од попарување поради големата температура на водата. Неговото функционирање е повеќенаменско и тој може да се поставува на домашните ѕидни бојлери, на резервоарите или бојлерите наменети за акумулација на топлата вода со помош на соларните системи, и во системите за греење кои ја користат водата како преносител на топлина.
Инсталација на мешачкиот вентил во системите кои првенствено топлата вода ја добиваат од соларните панели има фундаментално значење. Во текот на летниот период кога надворешните температури го достигнуваат својот максимум, топлата вода во соларните системи може да достигне температура и над 120 степени. Со термостатскиот мешачки вентил R156 од Giacomini се спречува беспотребното трошење на насобраната топла вода при евентуално разладување и се спречуваат изгореници од претерано топлата вода, а во исто време ги штитат и апаратите кои би ги приклучиле како што се машина за перење, машина за садови итн.

Мешачкиот вентил на Giacomini се поставува помегу доводот на ладна вода и доводот на топла вода од бојлерот и со помош на контролното тркало кое има 5 нивоа, се подесува идеалната температура на вода која сакаме да ја имаме при користење. Термостатскиот мешачки вентил може да работи и да меша топла вода во размер од 38-60 степени. Може да се каже дека идеалната температура е 40 степени која е најпогодна за речиси секое домаќимство.
Доколку имате дополнителни прашања ви стоиме на располагање.
Zdravo,
Imam edno prasanje, Kako se povrzuva masina za perenje na alista ili sadovi na priklucok so topla voda od solaren bojler.
Ako e direkno togas celo vreme ke trosat topla voda,
Za perenje na pr. svilena obleka se koristi ladna voda a toplata moze da gi osteti.
Vi blagodaram.
Почитувани,
Машините за перење имаат влезови на ладна вода и на топла вода. Ладната вода се поврзува за кога ќе има потреба машината од ладна вода да користи ладна вода, а приклучокот со топла вода ќе биде од мешачкиот вентил со тоа што максималната температура на топла вода која би влегла во машината би била да речеме 40 степени или во зависност од тоа како ќе си го наместите термостатскиот мешачки вентил.
Со Почит,
Термо Систем
Vi blagodaram za odgovorot no dali moze i kako da se koristi kaj postarite masini koi nema dva vleza za voda ?