Соларните системи стануваат едни од најпопуларните решенија кои се користат особено поради фактот што се обезбедува заштеда на енергија (се користи обновлив извор – сонцето) и се допринесува во заштита на околината.
Во овој текст би сакале малку да навлеземе во презентацијата на компонентите од кои е составен еден ваков систем.
1. Соларен колектор
Соларни колектори се со модерен дизајн и се направени навистина со голема грижа и внимание.
(1) На елоксираниот алуминиум, се додава селективната плоча (2), што го претставува апсорбливиот елемент на енергија. Хроматската комбинација на двата елементи (темно кафеава за структурата, брилијантно бронзена за селективната плоча) гарантира оптимално естетско производство во сите ситуации.
Селективната плоча се состои од високо селективна бакарна плоча каде што бакарните цевки (3) се спојуваат. Во цевките протекува вода или мешавина од вода-глицерин (антифриз). Меѓу селективната плоча и дното (4) кое што е направено од набран алуминиум, е вметнат изолативниот слој на синтетичка волна (5) за да се оневозможи термалната дисперзија, истиот материјал (6) исто така ги изолира страничните ѕидови на објектот.
Структурата е завршена тогаш кога страните ќе бидат изложени на сонце покриени со високо селективно зајакнато стакло, и на тој начин се искористува ефектот на стаклена градина: голем дел од сончевата енергија што допира до плочата поминува во внатрешноста на колекторот, а останатиот дел што се пренесува до надворешноста е сведен на минимум. Покривката исто така ја штити селективната плоча од атмосферски агенси како дожд, град и снег, и ако е потребно, стаклото може да се замени со хидраулична врска со едноставно отстранување на двојната гума која служи како дихтунг (8).
Колекторот има место (9) за вметнување на температурен сензор потребен за ефективна пресметка, што е во основата на функционирањето на системот. Раздвоивата врска (10), овозможува хидраулична врска помеѓу соседните колектори и меѓу колекторските серии и бојлерот.
1. Комбиниран бојлер за соларна енергија
Неистовременоста која може да се појави меѓу фазата на примање и фазата на користење на сончевата енергија и непостојаната достапност на сончевите зраци, бара да се акумулира загреаната вода која што го чека периодот на употреба. Ова значи дека доколку нема потреба од искор истување на топлата вода истата се складира и чека момент кога ќе се искористи.
Поради ова соларниот термален систем секогаш треба да има еден или повеќе резервоари (бојлери) за акумулација на топлината.
Широкиот избор на комбинирани бојлери , без разлика за тоа кој тип се работи или колкав капацитет имаат, ви овозможува широк спектар на избор при поставувањето во зависност кој соларен систем ке го користите.
Традиционалните бојлери со големи капацитети, кои што имат еден или два вградени изменувачи, можат да се користат за греење.
2. Циркулациона соларна група
За работата и безбедноста на соларниот систем, циркулациона соларна група и серијата на други компоненти се неопходни. Тие во фабриката се прераспределени и изолирани со помош на соодветно нарачана обвивка: и ова се вика циркулациона група.
Решението со прераспределбата на елементите овозможува многу предности како, брзина при поставувањето, компактноста и намалување на можните инсталациони грешки. Циркулационите соларни групи се достапни во вид на еднонасочни и двонасочни.
3. Дигитален соларен контролер
Прилагодувањето, контролата и мониторингот на целиот систем има фундаментално значење во еден соларниот систем и неговото ефикасно и ефективно искористување.
Не само за да се утврди кога е најпогодно за пренос на топлинска енергија од колекторот на серија уреди за акумулација на топлината, туку исто така, и да се оцени текот на функционирањето на системот и да бидеме веднаш известени за евентуалните аномалии, кои понекогаш може да се случат и да бидат реалност.
За овие функции можат да се најдат најразлични верзии на дигитални соларни конторолери кои можат да бидат составен дел од циркулационата група или пак да бидат посебно испорачувани.
Исто така дигиталниот соларен контролер е уред кој го овозможува започнувањето со работа на соларниоот систем.
3. Изменувач на топлина
Во соларниот систем, се присустни течности со различни карактеристики во составот или притисокот. На пример, антифризот во сончевиот колектор и домашната вода во санитарната мрежа.
Изменувачот на топлина е потребен за трансфер на топлинска енергија меѓу различните течности без мешање на тие течности. Заради таа цел овие изменувачи на топлина имаат челични плочки.
Овие изменувачи може да бидат достапни со плочи во различни димензии и секако и различни карактеристики особено во однос на компактноста и можноста за одржување на истите. Едните (сликата) може да имаат и можност да се отворат заради чистење или замена на плочките.
4. Експанзионен сад за солар
Експанзиониот сад претставува уште една мерка на безбедност за соларни систем. Мешаните течности, присутни во соларниот колектор се изложени на значајни температурни осцилации, кои предизвикуваат волуменски промени. За да се избегне секој зголемен притисок во соларниот колектор се овозможува сигурносен вентил да интервенира, дури и кога не се бара тоа од него, затоа е неопходно да се вгради експанзиониот сад, правилно димензиониран, со цел за надоместување на загубите на притисок на водата или водата со глицерин (антифриз).
Leave a Reply