Дали знаете кои се елементите од кои е составен еден вакуумски соларен сет?

vakumski solaren set za topla voda

КЛИКНЕТЕ НА СЛИКАТА ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ НАШИТЕ ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ ЗА СОЛАРНИТЕ ПАКЕТИ

Во овој пост ќе ви го презентираме нашиот соларен вакуумски сет и елементите од кои е составен.

1. Прв и најбитен елемент е соларниот вакуумски колектор кој може да биде со 10 или 15 вакумски цевки. Колекторот го поставуваме на позиција од каде најголемиот дел од денот ќе може да апсорбира сончева светлина. Постојат најразлични производители на соларни колектори, а со самото тоа постои и различен квалитет помеѓу соларните колектори. Во нашиот соларен сет вакуумските колектори се целосно изработени со бакарна цевка која поминува низ нив во “U” форма, цевките се обложени со апсорбер за сончевата светлина и потоа доаѓа стаклена цевка во која се формира вакум. Вакуумските колектори имаат приклучок за бакар со ф22 и можност за поставување на сонда за мерење на температурата во колекторот.

2. Втор најбитен елемент во соларниот систем е соларниот бојлер кој може да биде со различна големина во зависност од потрошувачката на вода во различни животни средини. Бојлерите од овој систем може да бидат со големина од 150, 200, 300, 500 или 1000 литри, кои се целосно емајлирани и обложени со изолација како би можело што подолго да се сочува топлата вода во бојлерот во ладните периоди и вечерните часови. Бојлерите во овој наш систем се со два изменувачи (змии), кои се погодни покрај приклучувањето на солар, да можете да ги поврзете со домашното централно греење кое го имате во домот. Најубаво е доколку дозволува просторот бојлерот да биде поставен во самото поткровје со што ќе биде поблиску до соларниот колектор, а со самото тоа ќе има помали загуби на топлотната енергија од колекторот до бојлерот. Доколку не постојат услови за поставување на бојлерот во поткрвјето, истиот може да го поставите во било кој друг простор во куќата, каде што нема да ви пречи во вршење на секојдневните обврски. Соларните бојлери имаат и опција за поставување на електричен греач, заради дополнување на топлина кога ќе зафали во деновите кога нема доволно сончеви периоди.

Solarna pumpa3. Срцето на секој соларен сет од затворен тип е соларната пумпа која го врти флуидот во системот од соларниот колектор до бојлерот и назад. Во нашиот соларен систем ние ви нудиме комплетна соларна пумпна група од реномиран италијански произведувач, во која покрај пумпата се содржани сите пропратни елементи потребни за соларниот ситем, како што се: сигурносен вентил, мерач на проток, неповратен вентил, приклучоци за полнење и празнење на системот, термометар, манометар. Сите овие елементи се врзани во една компактна линија, која е целосно изолирана и заштитена.

4. Диригентот во соларниот систем е автоматиката за контролирање која ја команда пумпата кога да се уклучува, а кога да престанува со работа. За да може да дава вакви информации автоматиката има сонди со кои ги прибира информациите за топлината од колекторот и топлината од бојлерот. На самата автоматика постои и дисплеј на кои е прикажана измерената топлина во системот. Во нашиот систем автоматиката е со три сонди од кои едната е за во колекторот, а другите две се за мерење на топлината во горна и долна точка на бојлерот.

5. Заради регулација на притисокот во системот секој соларен систем мора да има експанзионен сад, кој може да биде со различна големина (8, 12, 18, 24 литри) во зависност од големината на бојлерот и бројот на поставени колектори.

6. Последен елемент без кој неможе речиси секој соларен систем од затворен тип е соларното лонче за автоматско обезвоздушување, кое му помага на системот да се ослободи од вишокот на гасови кои се создаваат од секојдневната работа на системот под притисок, како и испарувањето на флуидот кој постојано циркулира низ системот.

Се надеваме дека со овој пост успеавме да дојдеме поблиску до формирање на една слика за тоа што се добивате со една инвестиција во соларен систем од затворен тип. Овој систем има голема предност, бидејќи низ него постојано циркулира флуид кој е составен од еко антифрис, кој не му дава на системот да замрзне и може да работи во зимските денови без никаков проблем.

Comments

  1. Zdr so bojler od 200litri so U vakumski solar sistem kolku ke kosta so rabotna raka poz

Остави коментар

*