
Потребата за вода е од незамислив карактер за секој човек, па од тука и големата побарувачка за истата да биде под задоволителен притисок и на повисоки места. Притисокот на водата опаќа како расте висината на местото до кое сакаме да спроведеме водовод, а истото особено се изразува во летните периоди кога е зголемена потрошувачката на вода. За да немаме проблеми од овој тип најприфатливо решение е поставување на хидрофор со доволен капацитет на работа, кој ќе ги задоволи посакуваните потреби на вода во Вашите објекти.
Хидрофор претставува уред кој овозможува достава на вода до поголеми висини од цистерни, бунари или пак водоводни мрежи. Сите хидрофори работат под притисок од најмалку 8 атмосфери. Со тој притисок водата може да се достави и до 80 метри висина. При монтирањето најдобро би било хидрофорот да биде поставен на најниската точка или по можност во подрумските простории.
Транспортот на вода не е така едноставен како на прв поглед, така да околу оваа тематика се занимава цела индустриска гранка која се грижи за квалитетно изработени хидрофори, кои би овозможиле одлична работа и заштедување на електрична енергија. Од тој аспект можеме да кажеме дека компанијата Wilo ја има водечката улога при производство на овие високо квалитетни и високо ефикасни пумпни мотори на светските пазари.
Употребата на хидрофорите е широко распространета, но поради нивните карактеристики, примената е идеална за:
-
Водоснабдување. Во повеќето случаи кога станува збор за водоснабдувањето, водата треба од одредена дестинација да се транспортира до саканото место. Дали таа вода ќе се црпе од бунар, река, езеро, резервоар и.т.н, хидрофорот е идеален за оваа намена со тоа што почетокот на цревото што се наоѓа во изворот од каде што се црпе водата, ќе се заштити со неповратен вентил, се со цел да не се вшмукаат некои каменчиња или честички кои што подоцна би направиле некаков проблем.
-
Наводнување со вештачки дожд. Колку пати до сега кога сте поминале кај обработливите полиња сте забележале прскалки кои ја распрскуваат водата во еден ист интензитет како да паѓа дожд? За да имаат доволен притисок прскалките и да може водата да стигне до саканата дестинација, одговорен е хидрофорот.
-
Наводнување и вештачко оросување. Доколку се работи за наводнување не мора да станува збор за наводнување на големи површини како што се полињата со помош на вештачки дожд. Тука може да станува збор и за стандардно наводнување со црево, вештачко оросување или пак со системот какпа по капка, а транспортот на водата се обезбедува со хидрофор.
-
Транспорт на вода од бунари и длабоки резервоари. Доколку имате поширок бунар или пак некој длабок резервоар со водата, не мора водата рачно да ја вадите (традиционално со кофи), би можеле работата да си ја олесните многу, само би требало да обезбедите приклучок за струја.
Za desetkatna zgrada koj tip od ovie pumpi bi odgovaral i koja e cenata?
Почитуван Дејан,
За да можеме да дадеме конкретна понуда ќе ми бидат потребни некои дополнителни инфромации кои Ви се испратени по маил.
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Pocituvani mi treba hidrofor za destkatna zgrada, dali mozete da mi dostavite varijanti so cena. pozdrav
Почитувани,
Одговорот ќе го добиете по меил.
Со Почит,
Термо СИстем
За потребите на едно домаќинство кој тип на хидрофор е најоптимален ако се се знае дека бунарот е на длабочина од 20 метри и е одалечен од куќата околу 100 метри.
Почитувани,
За едно просечно домаќинство од 4 члена би ви одговарал Wilo HWJ 203, меѓутоа доколку имате поголема потрошувачка на вода можете да го поставите и појакиот тип на хидрофор Wilo HWJ 204. Цените за хидрофорите ги имате на нашата страница во производи. Но со оглед на тоа дека имате бунар доколку немате поставено бунарска потопна пумпа ќе ви треба бунарска пумпа, а не хидрофор.
Со Почит,
Термо Систем
Sakam da prasam potopni pumpi za navodnuvanje vo zemjodelstvo ili solarni pumpi dali imate i kako do cena i informacija
Почитувани,
Ќе ви го пустам каталогот за потопните пумпи со цени на Вашиот меил.
Со Почит,
Термо Систем
Почитувани,
За викендица е планирано водоснабдување од подземен резервоар. Подрумска просторија нема. Каде би требал да се постави ходрофорот? И кој модел и која цена би задоволила П+1 објект за четиричлено семејство?
Почитуван,
Хидрофорот може да го поставите било каде на суво место што е можно поблиску до резерварот и од него потоа ќе си пуштите цевки до потрошувачот.
Wilo – Jet HWJ
HWJ 203 X EM 24 L P2 (kW) 0.75 – 12.000ден.
HWJ 204 X EM 24 L P2 (kW) 1.10 – 14,400ден.
Со почит
Термо Систем
Baram ponuda so rok i cena za hidrofot za individualna kuca
za zgolemuvanje na pritisok vo vodovod.
-visina do 10 m.
-dolzina do 100 m
-pritisok do 6 bari
-moznost za dva vleza vo hidrforot i eden izlez.
Pozdrav
D.Dobrin
Pocituvan, nie vi nudime Wilo HWJ 204 cena 14400 den.
Pumpata e max 5 bari dava pritisok i ima eden vlez za voda ne dva kako sto barate vie.
Povelete vo nasiot prodazen salon, se sto ve interesira nasiot tim e tuka da vi pomogne ili dajte ni kontakt telefon da ve pobarame.
Pozdrav
Ќе замолам за понуда за пумпи за шест катница(ако не грешам стандардите побаруваат две) с8 монтажа и инфо за гаранција и сервис.
Благодарам за евентуален одговор
Pocituvani mi treba hidrofor za crpenje voda od bunar so dlabocina 17metri, koj komplet ke mi preporacate i koja bi bila cenata.
Blagodaram
Za treti sprat koj hidrofor i cena ve molam i kako da nabavm mislam poracam
Здраво ми трба понуда за пумпа за наводнување за 100 садници орев и помошен објект.има бунар 12 метри длабина. ширина 1метро
Имам проблем со снабдување на вода сакам да поврзанм со цистерна и во систем за во куќа кој мотор(хидрофор) би одговарал највеке и која цена би бил
Здраво, имам бунар со длабочина од 12 метри и плус 10метри до водоводната инсталација во куќата. Ме интересира шро е подобар избор, хидрофор или потопна пумпа. Понуда и цена. Поздрав