Општа информација за карактеристиките на камин на пелети

Камин на пелетиЗначењето на каминот на пелети многу се промени во изминатите години и од обична метална комора прерасна во високотехнолошки систем за греење со прекрасен дизајн. Во денешно време камините на пелети може да ги управуваме со помош на далечинско, а голем број од нив имаат вградено сигурносна регулација со помош на термостат. Камините кои работат на пелети го согоруваат пелетот во целост и речиси да не оставаат никаков отпаден материјал, со исклучок на тенкиот слој прашина, што значително го олеснува нивното одржување и чистење. Покрај тоа што камините на пелети работат на пелети, исто така можат да работат и со жито, пченка, семки или струготини.

Печките на дрва работата ја потпираат на притисокот на оџакот и бараат изграден вертикален вентилациски систем за исфрлање на гасовите. За разлика од печките, камините на пелети се опремени со механизам кој не им дозволува на гасовите кои се исфрлаат да се вратат назад во внатрешните простории. Поради специфичната вентилација, камините на пелети не бараат изведба на оџак и можат да се монтираат во простории кои немаат изведено оџак. Исфрлањето на гасовите може да биде вертикално и хоризонтално, преку некој оtвор на ѕидовите од просторијата.

За разлика од печките на јаглен и дрва, на кои надворешните делови им се премногу топли и при несакан допир можат да предизвикаaт изгореници, повеќето камини на пелети се изработени од леано железо и челични прегради кои ја спроведуваат топлината кон задниот и горниот дел на ложиштето, а вградениот вентилатор се грижи за циркулацијата на топлиот воздух кон просторијата, па на тој начин надворешната површина од каминот останува многу малку топла и пријатна на допир.

Уште една голема предност на камините на пелети е можноста да се постават во мобилни домови, каде што е апсолутно забрането поставувањето на печки на дрва.

Во нашата програма го имаме каминот на пелети Burnit Comfort PM кој е целосно автоматизиран и погоден за поврзување на централно греење, предавајќи моќност од 15 или 23 Kw топлинска енергија, притоа од него во просторот се одава 3 Kw топлинска енергија преку природно струење на воздухот. Останатите 12 или 20 Kw се оддаваат во водата која ќе циркулира низ грејната инсталација.

За ваша поголема удобност камините на пелети од програмата на Burnit се опремени со интелигентен контролер кој овозможува лесно и прецизно подесување на саканите процеси, како и користење на далечински управувач. Оперативните функции на контролерот се: подесување на саканата температура, одложен старт, неделни и викенд програми.

Од овој пост можеме да видиме дека каминот на пелети е многу поудобна и подобра опција отколку користењето на печки на дрва, а во исто време ви заштедува време и пари.

Остави коментар

*