Поради моменталната енергетска слика на пазарот, на наша адреса пристигнаа многу прашања од типот како луѓето да заштедат на електрична енергија. Општо познато е дека електирчната енергија, односно дека дури 50% од електричната енергија се троши за загревање на просториите. Ние во минатото во неколку постови имаме пишувано за многу начини како да се заштеди на електрична енергија, но сега ќе наведеме 10 најефикасни начини.
- Многу непотребно се губи на енергија во загревање на просториите кои не се користат. Кога би се затвориле вентилите на радијаторите во собите кои многу ретко се користат се доаѓа до многу голема заштеда.
- Да се постават термостатски вентили и термостатски глави. Со нивното поставување можеме да ја контролираме собната температура. Така да доколку некогаш ни е претопло само ја намалуваме температурата на термостатскиот вентил. Со поставување на термостатскиот вентил со термостатска глава се заштедува до 20 % на загревањето.
- Да се испушти воздухот од радијаторите два пати во годината. Со испуштањето на воздухот се губат воздушните џебови и радијаторот започнува да работи како што треба. Воздухот во системот е најчест проблем кога за радијаторот вие трошите енергија но тоа не го чуствувате. За одржување на ефикасноста на грејните тела потребно е редовно испуштање на воздух од радијаторите.
- Намалување на амбиенталната температура. Дали сте знаеле дека доколку амбиенталната температура ја намалите од 23 на 22 степени, односно само за 1 степен вие заштедувате 10%.
- 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра.
- Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија.
- Со инсталација на изолации на таванот и на ѕидовите и со промените на прозорците и вратите, се зачувува посакуваната топлина во вашиот дом. Најмногу топлина се губи преку прозорците и вратите, така да ако не сте задоволни од истите, би можеле да размислите за нивно менување.
- Користете соларна енергија. Сончевата енергија може да се користи за производство на енергија за многу работи, како на пример за топла вода, осветлување на различни делови од работното место и за полнење на мобилни и преносни уреди.
Leave a Reply