
Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.
Пролетта пристигна, тоа сите го чувствуваме а температурните промени не натераа да ја ставиме зимската облека некаде длабоко во гардероберот, бидејќи подолг период нема да ни биде потребна (иако можеби сеуште се лажеме). Со зголемувањето на сончевите денови, се зголемува и интересот за соларните системи, односно како би можело да се искористи богатството што е насекаде околу нас.
Основната поделба на соларните системи е: соларни системи кои произведуваат електрична енергија и соларни системи кои служат за затоплување на водата. Соларните системи кои се наменити за произведување на електрична енергија се користат и во нашата земја, но со цената во однос на придобивките кои можеме да ги добиеме не се на задоволувачко ниво.
Соларните системи кои се користат за добивање на топла вода ги делиме на термосифонски и систем со пумпа. Термосифонските системи, бојлерот го имаат надворешно и водата што ја загреваат не може да се користи за загревање на просторот, за разлика од соларните системи со пумпа каде топлата вода освен за секојдневни потреби, може да се користи и во системите за греење.
Сега тука се јавува прашањето, колкава би била придобивката, односно колку топлата вода добиена од соларните системи би учествувала во системите за греење.
Ние направивме две истражувања кои ги објавивме во минатите постови за загревање на простор од 100 метри квадратни, загревање на базен и санитарна топла вода за користење, и користење на соларните системи само за загревање на простор и санитарна топла вода.
По деталната анализа доаѓаме до заклучок дека топлата вода добиена од соларните системи учествува околу 20% во системите за загревање на просторот. Исто така за да може соларниот систем да се користи во системите за греење,системот мора да биде со поголем капацитет за да ги постигне посакуваните резултати. А тоа автоматски значи и повеќе потрошени финансиски средства од наша страна.
Но, технологијата секојдневно се развива, а тука се вклучени и сончевите апсорбери кои еден ден ќе придонесат да можеме целосно да се препуштиме на соларните системи во погледот на греење. Со технологијата која ја имаме денеска тоа не е возможно и доколку немаме базен кој би го загревале во летниот период, добивките од соларните системи за загревање на просторот се помали.
Со горе напишаново ние не ве предомисливаме да не го приклучувате соларниот систем за системот за греење, туку ви укажуваме дека соларниот систем нема капацитет за да служи како примарно греење на еден дом, туку само ќе учесвува односно ќе помага и со тоа сметката за греење ќе се намали за некој определен процент.
Доколку имате некакво прашање поврзано со темава ви стоиме на располагање.
imam instalirano parno za 200m2 dali moze da montiram vakumski paneli i vtor boljer da gi zagrevam dvata stana vo denovi koga ne e mnogu ladno ili da dogrevam vo zima t.e da da napravam baj pas na boljerot so kotelot i ako ova dava efekt sto vo letnite denovi koga e monogu toplo kako da gi zastitam koga ne treba da rabotata i za 200l boiljer za sanitarna voda dali e dovolen eden vakumski od 15cevki dajetemi i ponuda na sve ova pozdrav