Греење со помош на соларни системи

Акцијата за соларни системи е активна и сите информации можете да ги видите на официјалната страна за акцијата.

Во минатиот наслов пишувавме за загревање на куќа и базен со помош на сончева енергија и како  би изгледала целокупната слика, што резултираше со безброј прашања на наша адреса.

Најмногу прашања беа во стилот, а што ако немаме базен колкава би била заштедата на елекрична енергија?

Се со цел да излеземе во пресрет на нашите читатели и да им помогнеме при изборот на соларниот систем изработивме уште едно истражување кое се состои од 100м2 станбен простор за кој е потребно загревање и санитарна топла вода за секојдневна употреба.

Во испитувањето е предвидено потрошувачката на санитарна топла вода да изнесува 100 литри секој ден од годината на температура од 45˚С, а оптималната амбиентна температура во домот од 1 Октомври до 1 Мај да изнесува над 25˚С.

Греење со помош на соларен систем

За да работи правилно соларниот систем потребни се 6 вакуумски колектори, а секој од колекторите ќе се состои од по  15 вакумски цевки кои ќе бидат поставени под агол од 55˚ и бојлер со капацитет од 500 литри, наменет за домаќинство односно станбена куќа со површина од 100 м², со поставена изолација на надворешни ѕидови, добро изолирана како и инсталирано подно греење за загревање на 100 м².

 

Од испитувањето што го извршивме во T*SOL софтверот со дадените параметри ги добивме следните резулултати базирани на годишно ниво.

 

  • Инсталирана колекторска моќ: 9,87 kw
  • Зрачење на колекторска површина: 14,48 MWh
  • Произведена енергија од колектори:  6.59 MWh
  • Произведена енергија од соларен круг: 5.49 MWh
  • Енергетски потреби за санитарна топла вода: 1,31  МWh
  • Енергија потребна за загревање на просторот: 17,05 MWh
  • Добивки од солар за греење: 3,47   MWh
  • Добивки од солар за санитарна топла вода: 2,015 МWh
  • Енергија од додатниот систем (помошно греење од електричен котел): 14,18 MWh

 

  • Заштеда на енергија(струја):  5.97 МWh                                                                        
  • Избегнати CO2 емисии: 3.977,04 kg                                                                       
  • Процентуално соларно покривање: 37,9 %                          

 

Климатски податоци

 

  • Локација: Скопје
  • Вкупна годишна глобална радијација: 1,45 МWh
  • Географска ширина: 42o
  • Географска должина: -21,45o

Искористеност на соларната енергија како процент од вкупната потрошувачка на енергија за тие потреби во текот на целата година е дадена на сликата подолу.

Искористеност на соларна енергија како процент од вкупна потрошувачка

Потребите за загревање на просторот за една грејна сезона е земено да изнесува 17,05 MWh, а учеството на сончева енергија со инсталираниот сончев систем би изнесувала 3,47 MWh, односно  20% од  вкупните потреби за загревање. Доколку во одредени периоди (зимски период), потребата од санитарна топла вода се намали или топлата вода не се искористи, тогаш истото тоа ќе се искористи за потребите за загревање на просторот и при тоа овој процент од 20% може да биде и нешто повеќе. Исто така доколку се намали амбиенталната температура во домот  заштедата би била поголема.

 

Во овој случај во летниот период не се пресметува потрошувачка од 100 литри за дневните потреби, туку на располагање ви стои целиот капацитет на бојлерот. Доколку не се потроши водата ќе има вишок топла вода. Таа вода ќе треба да се исфрли, односно испушти од бојлерот преку специјален вентил за таа намена, за да не би дошло до прегревање на системот.

 

За сите  останати прашања кои се поврзани со соларните системи ви стоиме на располагање.

Comments

  1. Predrag Bozickovic says:

    PRIJATEN I UBAV DEN
    DALI VRSITE MONTAZA NA SOLARNI PANELI ZA PARNO GREENJE ZA KUCA KUCATA E SO 120M2 DVOSPRATNA SO 60 M2 NA EDEN SPRAT I 60M2 KOLKU PANELI SE POTREBNI DA GI GREE DVATA SPRATA NA TEMP OD 22 STEPENI I KOLKU BOJLERI TREBA DA IMA SO VODNA PUMPA

    • Почитувани,
      Нашиот тим веќе подолг период работи на проблематиката поврзана со соларните системи. Во идниот период на нашата веб страна ќе ги објавиме нашите понуди со конкретни информации за нашите услуги, за тоа благовремено ќе бидете известени и ќе го имате одговорот на вашето прашање.
      Благодарам однапред на довербата.

  2. zdravo sakam da prasam kako mozam i dali mozam da go povrzam solarnoto so parnoto .za dogrevanje imam solaren sistem so boljerot na krovot potocno vakovhttp://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetail/Index/727337-Soncevi-kolektori-za-greenje-na-voda-

    • Почитувани,
      Теоретски и постои некоја можност со инсталирање на плус уште многу додатни работи. Но поврзување на термосифонски систем, со радијаторско греење нема да се исплати, односно придобивките ќе бидат минимални.
      Поздрав

  3. Pocituvani!
    Me interesira dali moze solarnoto greewe da se koristi za zatopluvawe na prostorii kako podno greewe, i dali e isplatlivo ?

    • Почитувани,

      Поставувањето на соларни колектори можете да го искористите и за подно греење, меѓутоа за да го чустувате ефектот од потребната топлина ќе ви биде потребна голема инвестиција, за која потоа ќе ви треба долго време додека да ја повратите истата. Главниот проблем би настанал летно време кога ќе имате многу голем вишок на топла вода кој ќе го произведуваат соларните колектори.

      Со Почит,
      Термо Систем

  4. Pocituvani !
    Zagrevame povrsina od 230m2 so podno greenje na drva (potrosuvacka od 22-30 m2 drva vo zavisnost od dolzinata na grejnata sezona i od nadvoresnite temperaturi ), pa me interesira dali ke bide efikasno , za kolku bi ja namalile potrosuvackata na drva i kolku bi ne cinelo da ni postavite kolektori povrzani so podnoto greenje … znaci kolku bi cinel celiot proekt kaj vas so panelite , boljerot , site priklucni elementi , montaza …
    Pozdrav

Остави коментар

*