
На нашите простори кога станува збор за греење повеќето домаќинства како огревен материјал користат цврсто гориво. Најверојатно тоа е од економски карактер бидејќи струјата и нафтените деривати се поскапи, а имаат и тенденција за натамошно поскапување. За да помогнеме околу целокупнава проблематика ние ќе изнесеме една успешна приказна од која ние, а воедно и нашите корисници се многу задоволни. Ќе зборуваме за тропромаен BOSCH котел на цврсто гориво.
- Во зависноста од квадратурата на грејната површина зависи и големината на котелот односно јачината која ќе биде потребна за да се загрее квалитетно просторот. Колку квадратурата е поголема, нормално дека и котелот треба да биде помоќен. Тука се поставува прашањето за дадена квадратура, колкав котел би одговарал. Одговорот на оваа прашање за да биде точен треба да се има во предвид и од каков материјал е направен објектот, дали има изолација, прозорците дали се изолирани и.т.н. Доколку се работи за нова градба со надворешна изолациона фасада, со сендвич ѕидови, добри прозорци без разлика дали се дрвени или PVC во практика се покажало дека 110w се доволни на 1 m2. Доколку пак се работи за стара градба односно објект без изолација, стари прозорци и врати, неизолиран кров и.т.н за 1m2 ќе бидат потребни повеќе вати.
- Со BOSCH котлите на цврсто гориво одат пропратни елементи, кои не треба да се купуваат посебно и да се монтираат. Овие елементи не се среќаваат на другите видови котли на црвсто гориво со што со самото купување на котелот веќе се заштедуваат околу 60 евра, колко што чинат дополнителните елементи.
- Искористеноста на котелот е многу важен елемент. BOSCH котлите на цврто гориво имаат до 30 % поголема искористеност во зависност од другите котли. Тоа значи дека доколку едно домаќинство за грејната сезона трошело 10 m3 огревен материјал сега ке троши 7 m3. Сепак бројката во разлика не е мала.
- Компактност при монтажа, може да се стави на било која локациија (во дворот покрај куќата, на тераса, во гаража, подрум, итн) без притоа да губи температура.Тој е направен од трајно валан специјален лим кој помеѓу слоевите е изолиран со специјален материјал и целата топлина ја насочува кон гејните тела кои се наоѓаат во вашиот дом.
- Карактерисиките со кои располага котелот придонесуваат за поголемо временско растојание помеѓу ложењето. Временскиот период од 10 – 12 часови помеѓу ложење, не обврзува постојано да додавате огревен материјал и да се грижите да не изгаси огинот.
- Со регулатор на промаја ја подесувате саканата температура во вашиот дом, така да доколку загревате само еден дел од куќата ја намалувате температурата со што согорувањето на горивото се намалува и така штедиме.
- Котелот е составен од три вертикални промаи, создадени по најнова технологија за максимално искористување на топлиот воздух. Значи топлиот воздух што се создава при согорување на цврстото гориво поминува низ три преградени делови (промаи) внатре во котелот, пред да излезе преку оџакот. Со тоа се зголемува искристеноста на топлината што се јавува при согорувањето. Кај другите котли на дрва топлиот воздух поминува краток пат пред да влезе во оџакот, што води кон тоа да се става уште огревен материјал за да се добие истиот резултат.
- За беспрекорна работа на котелот потребна е и правилна монтажа. Со тоа се продолжува животниот век на котелот и искористеноста се зголемува.
- Главната цел на сево ова горе напишано е тоа што се намалува потрошувачката на цврсто гориво, а со тоа се намалуваат трошоците поврзани со греење. Значи дека доколку во една грејна сезона за огревен материјал до сега сте трошеле околу 20.000 денари, за истиот, па и подобар квалитет на греење со BOSCH котелот ќе трошите околу 14.000, тоа го покажува и практичното искуство. Разликата е очигледна и значително би извршила влијание домашен буџет.
- Квалитетот и карактеристиките кои ги поседува котелот отвараат безброј можности на користење. Имавме ситуација кога котелот се користеше како еден вид централно греење во зграда со 6 стана. Сите станови се поврзаа со котелот, го сметија во подрумскиот дел, како огревен материјал користеа јаглен и трошоците за греење ги намалија дури за 40%. Големиот временски интервал од 10 часа помеѓу ложењето не ги обврзуваше станарите да се грижат постојано околу огинот и затоа не се јавуваа проблеми околу тоа.
За да се искористат максимално придобивките што ги нудат BOSCH котлите многу битен е оџакот (неговата висина) и како ќе се монтира односно да има хидраулично балансирање. Доколку се одлучите за котелот и се следат параметрите кои ги објаснивме во минатите постови загарантирано е дека и вие ќе се приклучите на армијата задоволни корисници.
Leave a Reply