Заштедете и до 20% со хидроулично балансирање на системот за греење

GiacoKlima подно греење: Естетика и акустикаГрејните тела во една куќа различно се загреваат. Оние кои се поoдалечени од изворот на топлинската енергија, односно котелот, зрачат со помалку топлина отколку оние кои што се наоѓаат непосредно во неговата близина. Причината поради што ова се јавува е тоа што низ цевната мрежа, до грејните тела кои се одалечени од котелот, пумпата транспортира премалку вода за загревање затоа што водата оди по патот кој има најмалку отпор.

За  да се обезбеди топлина и во најодалечените простории, често пати се зголемува напорот на пумпата. Што е логичен чекор на секој просечен корисник. Зголеми ја силината на пумпата за да пумпа повеќе вода која ќе обезбеди поголема количина на топла вода и во подалечените грејни тела, а со тоа и грејното тело ќе зрачи поголема топлина. Но, сепак ова е погрешна постапка. Зошто?

Последиците од оваа погрешна постапка се:

  • зголемена потрошувачка на електрична енергија заради зголемување на напонот на работа на пумпата,
  • звуци од струењето во цевките заради поголем напон,
  • грејните тела кои што се наоѓаат во близина добиваат повеќе топлина отколку што им е потребна.

За да се избегнат ваквите несоодветни активности се користи хидроулично балансирање на системот за греење.

Со хидроуличното балансирање на системот за греење низ цевките протекува потребното количество на топла вода и тоа количество на вода оди и до најодалечените грејни тела, онолку колку што е потребно. Со тоа се штеди енергија и пари, а освен тоа се намалува и повратната температура на вода во котелот, што е и предност за системите со современи котли.

Затоа при поставувањето на системот за греење е потребно стручно лице кое ќе направи пресметка каде и како би требало да постават вентилите, цевната мрежа итн.

Со хидрауличното балансирање се препознаваат и отстрануваат грешки во функционирањето на еден систем за греење. Оваа е дефинирано со норми и прописи. Со правилно подесување на притисокот греењето може поефикасно да се користи, а оваа мерка може да доведе до заштеда на електрична енергија и до 20% на вашиот систем за греење.

Comments

  1. ve molam za strucna literatura vo vrska so hidroulicno balansiranje na sistemot ili informacija kade moze da se najde ,odnapred blagodarime .

Trackbacks

  1. […] (неговата висина) и како ќе се монтира односно да има хидраулично балансирање. Доколку се одлучите за котелот и се следат […]

Остави коментар

*