
Градежништвото е една од најбрзо растечките гранки во нашата економија. Не треба многу да читаме или да се едуцираме тоа да го знаеме, само е доволно да се прошетаме низ нашиот главен град и тоа ќе го заклучиме. Тука секако дека спаѓа и градењето на стамбените комплекси (згради), во кои можеме да се надоврземе и ние со нашата програма.
Во последно време зачестија прашањата за пумпните станици кои се наменети за стамбените комплекси, и да бидам искрен и ние наидувавме на некои проблеми при нивниот избор во минатото. Сега ќе ви го претставиме идеалното решение за мала зграда до 12 стана, во која што водоснабдувањето нема да претставува веќе проблем.
Wilo-MHIL & Wilo-ElectronicContro е нормално всисен систем за водоснабдување со фреквентна регулација која се користи за: водоснабдување, зголемување на притисок, искористување на дождовницата и прскање.
Ние направивме едно истражување според кое излеговме дека во една зграда со 12 стана е потребен проток од 110 l/min. Доколку го погледнеме графикот можеме да заклучиме дека неколку модели можат да се вклопат и да служат како пумпна станица во помали згради во зависност од висината која ни е потребна. Wilo-MHIL & Wilo-ElectronicContro би можела да функционира и на зграда со повеќе станови но ние ја предвидуваме најголемата потрошувачка на вода во дадениот момент и од таму се нашите пресметки. Инаку пумпната станица доаѓа комплет со голем дисплеј. На дисплејот можат да се одберат 7 јазици, преку кои може да се контролира пумпата. Пумтата е целосно произведена и дизајнирана во просторите на WILO во Германија и тие се особено горди на овој производ затоа што во целост ги исполнува очекувањата. Таа има целосна автоматска заштита од: преоптоварување, работа на суво, низок и висок напон, превисока температура па дури и од краток спој.Има опции за зачувување на зададените параметри доколку дојде до прекин на електрична енергија.
Значи главната примена на пумпата е како пумпна станица или како пумпа за зголемување на притисок. Се поставува во зградата најчесто во долниот дел на зградата се поврзува со водоводната мрежа или било од каде што би можела да се црпе водата и останатиот дел од работата ја препуштаме на пумпата односно таа ги снабдува становите со потребното количество на вода.
Инаку на пумпата мора да се приклучи и мембрански сад (експанзија), кој што би ја штитела пумпата од притисочни удари и неповратен вентил, Доколку пумпата ја зема водата од некој резервоар или пак некој поширок бунар се препорачува прекинувач со пловка за заштита од работа на суво.
Оваа пумпа е само едно од можните решенија за водоснабдувањето на поголемите објекти, а таа меѓу другото има и безброј други намени. Во некој од наредните постови ќе зборуваме и за други можни решенија.
Leave a Reply