
Циркулационата група е срцето на соларниот систем. Секој можен дел е произведен да гарантира највисока сигурност, а неговите компактни димензии придонесуваат за лесно монтирање и лесно одржување. За квалитетна работа и безбедноста на соларниот систем, циркулациона соларна група е неопходна. Изработена е заедно со сите попратни елементи и е изолирана во соодветно нарачана кутија. Изолационата кутија што се наоѓа на групата придонесува за ефективна топлинска изолација и за добар изглед.
Ва неа се наоѓаат две славини, од кои што едната служи за полнење на соларниот систем со вода, а другата служи за празнење. Циркулационите соларни групи се достапни во вид на еднонасочни и двонасочни.
Дво-насочна циркулациона група
Дво насочната циркулациона група е комплетно претходно монтирано решение, развиено да ја гарантира правилната работа на соларниот систем, а нејзините димензии и компактноста придонесуваат за нејзино лесно монтирање. Специјалната пумпа наменета за соларните системи, го прилагодува протокот на мешавината од вода и гликол, преку дигиталниот соларен контролер, а топчестите вентили кои што се наоѓаат на долната и горната страна на циркуларната група овозможуваат одржување на протокот без да се испразни системот. Мерачот на проток, (самото име ни кажува) мери колкаво е количество на топла вода во бојлерот, и во комбинација со дигиталниот контролер ја одржуваат саканата температура. Сигурносната група е составена од сигурносен вентил кој се наоѓа на врвот на групата, манометар кој покажува колкав е притисокот и конекција за експанзијата.
- Мерач на проток (механички)
- Славина за испуштање
- Славина за полнење
- Вентил за регулација
- Пумпа за соларни системи
- Манометар
- Сигурносен вентил
- Топчести вентили со интегрирани термометри
- Вентил за регулација на воздух
- Вентил за регулација
Сите елементи во соларната група се наменети за работа на повисоки температури односно за работа во соларни системи.
Топчестиот вентил има термометар за да покажува колкава е температурата на водата која излегува и уште еден термометар на друг топчест вентил кој ја покажува температурата на водата која влегува во циркулационата група. За полесна монтажа на циркулационата група таа на својот заден дел има метална плоча која овозможува полесно прикачување на истата.
Карактеристики
- Максимален работен притисок 10 bar
- Максимална работна температура 180оC доводна ,120оC повратна
- Конекции ¾ “
- Тежина 7,5 kg
- Работни услови на сигурносен вентил 6 bar и 160оC
Циркулационата група е најсигурното решение за вашиот соларен систем, која заедно со диферецијалот ги спечува аномалиите кои би можеле да се појават во текот на работата и овозможува системот беспрекорно да функционира.
Leave a Reply