
ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. компанија од Скопје чија главна дејност е трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греење, климатизација, соларни системи и водовод.
Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.
Доколку она што претставува Ваша понуда, нуди квалитет и визија за остварување на заедничката цел, штета би било да не пратите кратка биографија со Вашите податоци.
Можете да бидете спокојни за нивната доверливост и приватност.
Ако одговорот не го добиете веднаш, не се разочарувајте.
Вашата пријава ќе биде зачувана во нашата архива и ќе ве повикаме веднаш штом се укаже потреба за работните способности што ги поседувате.
Поради отварањето на новиот салон и зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработени на следниве позиции;

1.КОМЕРЦИЈАЛИСТ
Основни работни задачи и одговорности
Што нудиме:
- Конкурентна плата;
- Обезбедена опрема за работа;
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Динамична работа која нуди можности за постојано учење и надградба на знаењето;
- Пријатна работна средина.
Oсновни работни задачи и обврски:
- Зголемување на продажбата, профитот и градење (одржување) имиџ на префериран добавувач преку продажни посети и разговори, грижа за клиенти и освојување нови клиенти.
Профил на кандидат:
- Минимум средно образование;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија;
- Познавање на работа со компјутер (MS Office и Интернет);
- Познавање на Пантеон е предност;
- Познавање на англиски јазик е предност;
- Пожелно е минимум две години работно искуство на иста или слична позиција;
- Предност е работење во продажба на опрема за греење и климатизација.
Потребни квалификации
Возачка дозвола / Б – Категорија:
- Градење на односи со купувачите
- Ефективна комуникација
- Техники на продажба
- Управување со времето
Лични:
- Справување со конфликти
- Посветеност кон резултати
- Агилност (енергетичност)
- Достапен/на
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов КОМЕРЦИЈАЛИСТ на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.