Со примена на мали трикови можете да ја намалите сметката за електрична енергија. Еве некои од триковите:
1. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите кои не ги користите.
2. На Вашите радијатори поставете термостатски вентили и термостатски глави.
3. Поради одржувањето на ефикасноста на Вашиот систем за греење, два пати годишно испуштете го воздухот од радијаторите.
4. Доколку немате, набавте си дигитален термостат за греење и ладење, со чија помош прецизно ќе ја контролирате температурата во вашиот дом.
5. Елиминирајте ја непотребно потрошената енергија. 10% од сметката за струја троши осветлувањето во вашиот дом. Како еден од најголемите потрошувачи се светилките. Ако ги замените светилките ќе заштедите на енергија. На пример ако замените една светилка од 60 вати со една светилка од 30 вати ќе заштедите на електрична енергија. Исто така заштедете на електрична енергија ако не сте во соба, треба да го изгаснете светлото. Во поново време популарни се LED светилките, тие заштедуваат повеќе електрична енергија од обичните а ја даваат истата светлина а во некои случаеви и подобра.
6. Греењето во вашиот дом во зима често може да доведе до огромни загуби на електрична енергија. Кога си легнувате во текот на ноќта, намалете ја температурата. Наутро кога станувате повторно вратете ја температурата. Со ова заштедувате на електрична енергија. Ако сте тип на човек кој заборава да ја намали температурата во текот на ноќта, или пак кога излегувате за на работа тогаш треба да инсталирате неделен дигитален тајмер кој може да ја прилагоди промената на температурата на онаа вредност која ќе му ја зададете. Со инсталирањето на неделниот дигитален тајмер ќе се задржи температурата во вашиот дом на посакуваното ниво и преку ден и преку ноќ. Неделниот дигитален тајмер ќе ги намали вашите сметки за електрична енергија до 10%.
7. Загревањето на вода во домот односно во бојлерот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Прв начин е да се намали притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, додека вториот начин е да се намали температурата на бојлерот.
Се надеваме дека со овие совети ќе Ве мотивираме за дополнителна заштеда на електрична енергија.
Leave a Reply