Енергетската ефикасност и нејзиното влијание врз развојот на земјата

 Енергетска ефикасностOбновливите извори на енергија кои се лесно достапни во многу области, често се случува да бидат неискористени и да претставуваат отпад во самото производство. Инвестирањето во нови технологии придонесува за нивно искористување, со што доаѓа до зголемување на производството, отварање на нови работни места и обезбедување на социјална сигурност. Воведувањето на енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина.

Поттикнувањето на инвестициите во обновливи извори на енергија, зголеменото учество на обновливите извори во енергетската потрошувачка и зголемување на енергетската ефикасност се една од главните стратешки цели во енергетскиот сектор.

Во Република Македонија постојат поволни услови за искористување на обновливите извори на енергија, како што се: хидроенергијата, геотермалната енергија, сончевата енергија, биомасата и ветерната енергија.

Потребата од заштеда на енергија, наложува поставување на добра еколошка изолација уште при градежната изведба на објектот. Со поставување на изолацијата, се подобруваат топлинската и звучната изолација, се зголемува отпорноста на пожари, објектот се заштитува од влага и сето тоа придонесува за поголем степен на квалитет на живеење.

Во Македонија постои голем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност, преку изградба на еко-објекти, со користење на материјали кои се лесно достапни и воедно имаат добри изолациски карактеристики. Најмногу распространетите традиционални материјали за градба имаат навистина пониска цена, лесно може да се набават и се одликуваат со високи енергетско ефикасни перформанси.

Во услови на глобално затоплување, употребата на обновливите енергии добиваат на значење од аспект на заштита на животната средина. Во Македонија еден од основните проблеми е неконтролираната употреба на дрвна маса како основен извор на енергија за загревање на домовите. Употребата на останатите обновливи извори на енергија кои ги набројавме, значително и видливо ги намалуваат трошоците на енергијата.

СОНЧЕВА ЕНЕРГИЈА
Многуте сончеви денови во земјата дозволуваат сончевата енергија да се користи во различни области и за различни цели, како што се: добивање на санитарна топла вода во домаќинствата за секојдневните наши потреби, загревање на вода која се користи во земјоделските стопанства и сл.

ГЕОТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА
Во земјава има големи потенцијали за користење на геотермална енергија која секаде во светот се третира како неисцрпен извор на топлинска енергија и треба да се работи на тоа истата да се искористува во поголем процент.

БИОМАСА
Биомасата од растително потекло е обновлив извор на енергија со големо значење за иднината на енергетската ефикасност. Тоа се должи на нејзините предности пред останатите извори на енергија:
– помало загадување при согорување
– годишно обновување или ожприраст
– споредбено лесна достапност
– рамномерно географско распоредување
Воведувањето на брикети и пелети од биомаса, придонесува развој на компании кои би ибле еколошки и економски исплатливи.

Остави коментар

*