
Во изминативе години, примената на камини на пелет како систем на греење е се повеќе застапено во современите домаќинства. Низ процесот на евалуација, камините на пелет од обична метална кутија прераснаа во високо технолошки систем, компактен и ефикасен систем за греење, надополнувајќи го декорот во вашиот дом.
Во последно време, хит на светските пазари се моделите Solara 6KW, Tukana 8 KW и Karina 10KW од програмата на Еко Шпар. Mоже да го управувате со далечински управувач, преку кој можете да ја регулирате температура, односно брзината на согорувањето, одложен старт, неделни и викенд програми.Технички карактеристики на Solara 6KW, Tukana 8 KW и Karina 10KW
Solara 6KW- Печка со систем за дување на топол воздух за површина до 60м2
Tukana 8 KW – Печка со систем за дување на топол воздух за површина до 80м2
Karina 10KW- Печка со систем за дување на топол воздух за површина до 100м2
Номинална излезна топлина:
Solara 6KW -6 KW
Tukana 8 KW-8 KW
Karina 10KW-10 KW
Тежина
Solara 6KW – 84 kg
Tukana 8 KW -105 kg
Karina 10KW -110 kg
Капацитет на полнењето:
Solara 6KW – 12.5 kg
Tukana 8 KW – 15 kg
Karina 10KW – 15 kg
Дијаметар на издувната цевка:
Solara 6KW, Tukana 8 KW и Karina 10KW – 80 mm ø
Максимално согорување на гориво на час:
Solara 6KW Max: 1.5 kg/h, Min: 0.4 kg/h
Tukana 8 KW Max: 0.7 kg/h, Min: 0.7 kg/h
Karina 10KW Max: 2.7 kg/h, Min: 0.6 kg/h
Автономија на работа при номинално загревање:
Solara 6KW – 7.7 h
Tukana 8 KW – 7.7 h
Karina 10KW – 8h
Боја: Беж, Бордо и Метализирана црна.Надворешниот дел од котелот се загрева само делот кај вратата и стаклото.
Пелетот речиси согорува во целост, не оставајќи речиси никаков отпаден материјал, со исклучок на тенок слој на прашина, што значително го олеснува нивното одржување и чистење.
Камините на пелети не бараат изведба на оџак и можат да се инсталираат во простории кои немаат изведено оџак. Исфрлањето на гасовите може да биде вертикално и хоризонтално, преку некој отвор на ѕидовите од просторијата, бидејќи камините на пелети се опремени со механизам кој не им дозволува на гасовите кои се исфрлаат да се вратат назад во внатрешните простории.
Повеќето камини на пелети се изработени од леано железо и челични прегради кои ја спроведуваат топлината кон задниот и горниот дел на ложиштето, а вградениот вентилатор се грижи за циркулацијата на топлиот воздух кон просторијата, па на тој начин надворешната површина од каминот останува многу малку топла и пријатна на допир.Факти за пелети:
• Моќноста на 500 литри нафта за домаќинство е идентична со 1 тон пелети;
• Со 4 м3 огревно дрво, чија што влажност е помала од 25% е речиси идентично со 1 тон пелет;
• 4,5 MWh електрична енергија има иста моќност колку 1 тон пелет.
Во потрага по ефикасно греење за Вашиот угостителски објект, сакате дополнителна топлина во Вашиот дом или пак сакате атмосферата во вашиот стан да ја надополните со современ камин, Ние го имаме решението за Вас. Камини со опција за дување на топол воздух и камини со можност за поврзување со систем на парно се идеален декор во секој дом, викендица, стан, вистински хит за угостителски објекти и кафитерии.
Тимот на Термо Систем е секогаш тука да Ви излезе во пресрет на секое Ваше барање.
kolkava e potrosna za 100m2 na peleti i dali vie instalirate takvi sporeti
vi blagodaram unapred
Почитувани,
За Вашата квадратура ќе ви одговара камин на пелет кој има опција за повзување на парно од 15 Kw, цената за него изнесува околу 1500 евра. Инаку околу потрошувачката на пелет неможеме да дадеме конкретна инфомација бидејќи зависи од повеќе фактори, а пред се од квалитетот на плелетот.
Со Почит,
Термо Систем