Како се приближуваат есеските денови така и ние треба да почнеме да размислуваме за загревање на нашите домови. Поради моменталната цена на електричната енергија во нашата земја најисплатливо е греењето со помош на котли на цврсто гориво ( јаглен, дрва), затоа во денешниов пост ке ве потсетиме за наште котли од програмата на Burnit.
Котлите на Burnit се направени со 5 цм високо квалитетен челик. Тие имаат тропромајен хоризонтален пат на топлиот воздух и самото тоа доведува до поголема искористливост на топлиот воздух. Првично котлите се направени да работат на цврсто гориво но истите тие може да се пренамент да работат и на пелети, нафта или гас во зависност од тоа каков горилник ќе им биде поставен. Котлите од програмата на Burnit се делат на два типа и тоа на WBS и WBS Active.
Општи карактеристики на котелот Burnit WBS се :
* Лесна инсталација
* Голема врата за полнење со дрва
* Зголемена ефикасност поради тропромајниот хоризонтален пат на топлиот воздух
* Лесно достапност до пепелта поради големата врата
* Целиот котел е обложен со изолација која не дозволува котелот да одава топлина и целата се искористува за загревање на водата
* Со самиот котел си доаѓаат и вентил промаја и сет за уште полесно и побрзо чистење.
Котелот WBS Active ги има истите карактеристики како и обичниот WBS но овој поради автоматиката е многу пософистициран полесен за работа и многу поефикасен. Самата автоматика ни дозволува електронски да ја поставиме посакуваната тепература, контрола на две пумпи во системот за греење и со самото тоа можеме да наместиме што сакаме прво да се загрева дали грејните тела во нашиот дом или бојлерот. Котелот исто така има и електронски вентилатор со чија помош прво добиваме побрзо постигнување на посакуваната тепература која е наместена на автоматика но исто така тој вентилатор ни овозможува оптимизирање на потрошувачката на дрва и со самото тоа тој е многу по економичен.
И двата типа на котли се високо квалитетни и многу безбедни но како дополнителна безбедност се препорачува со нив да се постават и :
* Сигурносен вентил од 3 бари
* Термостаски вентил со сонда за спречување од прегревање
* Мешачки термостаски четворокрак вентил кој му дава заштита на котелот од кондензација и со самото тоа му го продолжува работниот век на котелот
Искрено се надеваме после читање на овој пост ќе се одлучите за поставување на еден од двата типа на котили и со тоа да имате пријатно седење во вашиот дом во зимските и ладни денови.
Leave a Reply