Во овој дел од годината, летните топли денови полека но сигурно го губат своето влијание, а на нивно место доаѓаат есенските, односно постудените денови. Секое годишно време си носи и соодветни припреми. Уште малку и ќе започнеме да ја пакуваме летната облека и ќе ја ставаме некаде во ормарот од каде нема да ја помрднеме до следното лето. Нивното место ќе го завземат подебелите блузи и јакни кои ќе ни бидат потребни за постудените денови кои ни престојат. Во овој период потребно е да се направат и соодветни припреми на системот за греење, за да во престојната грејна сезона не се соочиме со некаков проблем, и во екот на зимата да се смрзнуваме во нашиот дом.
Во зависност каков е нашиот систем за греење припремите и проверките на системот, се разликуваат. Доколку примарно греење во нашиот дом е со клима – уред инвертер, потребно е на инвертерот да му се направи годишен сервис. Многу пати кога ќе го пуштиме инвертрот да работи од него излегува непријатна миризба. Тоа е резултат од насобраните бактерии во него, и затоа е потребно тој детално да се исчисти од микроогрганизмите и прашината нсоберена во него, кои исто така ја редуцираат неговата работа. Со тоа инвертерот е многу поефикасен при работата, и му се продолжува животниот век. На оваа тема веќе имаме пишувано при одржување на климатизерите, но сега пак напоменуваме, зошто истите се користат и за греење.
Доколку во нашиот дом се грееме со помош на парно, треба особено внимание да се посвети на радијаторите и радијаторските вентили. Неретко се случува во текот на грејната сезона во нашите простории да доаѓаат луѓе на кои определени грејни тела воопшто не им одаваат топлина. Причини поради оваа појава може да има многу, но најчесто причината е токму во радијаторите или во радијаторските вентили. Со текот на времето (особено ако сте приклучени на централно греење) во системот се насобира најразличен отпад и го запушува системот, а со тоа и автоматски го и спречува дотокот на топла вода. Во овој случај најдобро решение е замена на радијаторот и радијаторските вентили со нови. Доколку поради финансиските можности не сме во можност да ги замениме радијаторите, би било пожелно да се заменат радијаторските вентили. Кога ќе ги заменуваме радијаторските вентили, доколку претходно не сме имале термостатски вентили, препорачуваме инсталирање на токму такви, бидејќи со нив заштедуваме до 20% енергија од грејно тело (ова важи доколку имаме сопствено парно).
Ако примарно грејно тело во нашиот дом е шпорет или котел на дрва и јаглен, пред почетокот на сезоната потребно е убаво да се исчисти. Разните наслаги кои се нафаќаат на котелот при негова секојднева работа, со текот на времето се претвараат во излатор, кој ја намалува ефикасноста на котелот. Токму поради тоа, чистењето на котелот и ќумките (доколку ги имате), е првична работа која би требало да ја направите пред да започне грејната сезона.
Ова се основните работи на кои би требало да се обврне внимание пред почетокот на грејната сезона. Има уште многу дополнителни работи кои би требало да се направат но за нив во некој од наредните постови.
Leave a Reply