Ладното време не потсети дека можеби прерано сме ја спакувале топлата облека и чизмите за снег. Деновиве кои се одбележани со дожд и снег, греалките и клима уредите кои повторно се вклучени за да не загреаат, ни оставаат простор да поразговараме за грејните тела, сигурносната и регулационата опрема. Сигурносната опрема е составен дел на централното греење и ги вклучува сите елементи со кои се оневозможува пречекорување на највисоко зададените вредности на работна температура и притисок, а од друга страна регулационата опрема ги опфаќа сите елементи со кои се обезбедува сигурност и економичност во работењето.
Сигурносната опрема како составен дел од греењето се проектира, изведува и вградува зависно од типот на системот (отворен или затворен), енергенсот кој се користи, начинот на работа (се мисли на типот на регулација на изворот на топлина-рачно или автоматски) и сл.
1. За затворен систем се користат следниве елементи:
Елементи за заштита од пречекорување на високиот работен притисок:
– сигурносен вентил
– регулатор на притисокот
Елементи за заштита од пречекорување на највисоката работна температура
– регулатор на температура
Елементи за заштита од намалување на количината на вода во системот
Експанзиони садови
2. За отворен систем се користат следниве елементи:
– отворен експанзионен сад
– сигурносен доводен и одводен дел
Сигурносниот вентил служи за заштита на составот на греење и сите негови делови од пречекорување на зададените максимални вредности на работен притисок. Се вградува во сите ситеми на греење, без разлика на изведбата, кога треба да се вградат повеќе од еден вентил, капацитетот на минимално испуштање мора да биде еднаков најмалку на 40% од вкупната количина на вода во системот. Изведбата на вентилот треба да одговара на зададени норми и стандарди, најмалата приклучна димензија изнесува DN15. За нивно отварање и испуштање на одредена количина на вода (како пр. кој е земен) треба да се дојде при притисок кој не поголем од проектираниот, при што треба да се спречи пречекорување на највисоката вредност за повеќе од 10%.
Сигурносниот граничник (регулатор) на притисок служи за заштита на ситемот на греење кој е опремен со извор на топлина поголем од 300 кW. може да биде вграден директно до изворот или што е можно поблиску до него. Работи на тој начин што во случај на неочекувано пречекорување на притисокот или прекин во напојувањето , автоматски ја прекинува измената на топлина или доводот на гориво до изворот, со што спречува ново автоматско уклучување на системот, усогласен со сигурносниот вентил.
Сигурносниот граничник (регулатор) на температура служи за заштита на системот на греење од пречекорување на зададената работна температура. Претставува задолжителна опрема со секој систем на греење и во период на намалување на оддавање на топлина не смее да дозволи зголемување на температурата за повеќе од 10°C.
Со секое поставување на грејно тело во нашиот дом, од голема важност е избор и поставување на овие сигурносни и регулациони елементи, како би добиле правилна заштита од несакани последици.
Leave a Reply