Во повеќето куќи и згради кои што имаат радијаторско греење сте сретнале еден цел систем од цевки, кои што не одат само до радијаторот, туку од спрат во спрат, од соба во соба итн. Не дека таквото поврзување е погрешно или дека системот би можел да се расипе, туку многу поедноставно би било и нормално многу поубаво од естетска гледна точка, кога металните цевки би се замениле со алумпласт, а тој би поминувал под нашите нозе односно под паркетот, ламинатот, плочките итн.
Тука пак би се јавило проблем кај радијаторот, односно кај поврзувањето на алумпластот со вентилите на радијаторот. Вентил од една страна, вентил од друга стана, со тоа што се ограничува можноста на заменување на радијаторот по наша желба за поголем или помал туку би морал да биде со иста големина.
Од Gicomini размислувале на се. Вентилите со 4 влеза се идеално решение доколку сакате решение за овој вид на проблеми. Не само што во естетскиот дел вашиот дом би бил во поубаво светло, туку ќе заштедите и време и пари бидејќи еден вентил сега ќе работи во принцип како два вентили.
Во зависност од корисникот тие можат да бидат успонски и уронски. Во што е разликата?
Разликата е во тоа што успонскиот вентил како додаток користи хромирана цевка која ја спроведува топлата вода во горниот дел на радијаторот, а од долниот дел на радијаторот ја прима ладната вода и пак ја враќа во системот која понатаму оди на загревање во котелот.
За разлика од успонскиот, уронскиот вентил навлегува во радијаторот со помош на специјална пластична цевка преку која се транспортира топлата вода. Значи, разликата е тоа што кај успонскиот вентил, радијаторот се загрева на горната страна, а кај уронскиот радијарот се загрева од левата страна.
Да не дојде до забуна мора да напоменеме дека целиот радијатор е топол, тука зборуваме за тоа каде влегува топлата а каде излегува ладната вода.
Вентилите со четири влеза можат да бидат механички и термостатски. И механичкиот и термостатскиот вентил си ја вршат еднакво добро својата работа но главната разлика е во тоа што кај термостатскиот постои можност за додавање на термостатска глава преку која понатаму би можеле да ја регулирате собната температура. Со вентилот со термостатска глава се доаѓа до значителна заштеда на електрична енергија бидејќи подесуваме кога не сме дома да биде намалена температурата, или кога е потопло да се намали температурата што по автоматизам доведува до намалена потрошувачка на струја, што кај механичкиот тоа не е можно.
Овој вид на вентили не мора да биде вашиот избор за поврзување со радијатор, но би било од голема корист да го знаете како информација пред мајсторите да почнат со поставување на цевки насекаде во вашиот дом без разлика дали се тоа околу радијаторите или низ собите.
Доколку имате било какво прашање за начинот на работа, температурните осцилации, работниот притисок итн, со задоволство ќе се обидеме да ви помогнеме.
Leave a Reply