Панелни радијатори или алуминиумски радијатори – Што да се избере?

Радијаторите работат на начин што ја пренесуваат топлината од водата во него, во просторот преку  зрачење. Затоа е подобро радијаторот да има поголема  допирна  површина со воздухот, и надвор и внатре во него за подобро пренесување на топлината.

Како најчесто користени радијатори во денешно време може да се издвојат панелните радијатори и алуминимските радијатори.

Доста поставувано прашање е, кој од овие радијатори подобро грее? Одговарот е дека ако се постави радијатор со соодветна големина која одговара за просторот кој се планира за греење,  ќе го затопли просторот без разлика од кој тип на радијатор станува збор. Значи и двата си ја вршат својата функција.

Основните разлики помеѓу панелен и алуминиумски радијатор

Алуминиумски радијатор

Алуминиумски радијатор

Сега да видиме неколку разлики помеѓу нив,

  • Основната разликата помеѓу панелен и алуминиумски радијатор е во материјалот од кој се изработени. Панелните се изработени од челичен лим , додека алуминиумските се изработени од алуминиум како што кажува и самото име.
  • Бидејќи материјалот од кој се изработени има најголема улога во цените па затоа постои и разликата во цената помеѓу нив. Со денешните пазарни цени, алуминиумскиот радијатор е речиси двојно поскап од панелниот радијатор.На пример за простор од околу 100 м2, би била потребна инвестиција од околу 1000 еур во алуминимски радијатори или околу 500 еур со панелни радијатори. Резултатот  и квалитетот во греењето е ист.
  • Панелниот радијатор, поради својот материјал побргу се загрева во однос на алуминиумскиот, но и побрзо се лади.
  • Друга разлика доаѓа и во дизајнот. Алуминиумот е составен од повеќе ребра кои се споени додека панелниот е како што му е името, цел панел со различни должини.
  • Кај алуминиумскиот радијатор постои можност на додавање на поголем број на ребра или намалување на истите, во зависност од потребите или во случај на некој дефект. Кај панелот таква можност немаме.

Внимателно при избор на овие радијатори

Како што можете да забележите не може да се нјде некоја огромна разлика помеѓу двата вида на радијатори бидејќи и двата одлично си ја завршуваат својата функција – да греат. Но, треба да се внимава на оние таканаречените “light” радијатори кои ги има и во облик на панелни и во облик на алуминиумски радијатори.

Панелни радијатори

Панелни радијатори

Овие “light” радијатори визуелно се еднакви со останатите радијатори (оние вистинските панелни и алуминиумски)  но имаат разлика во својата моќност односно капацитет. Помала моќност доведува до помало зрачење на топлина, тоа значи и послабо греење односно помалку топлина во просторијата во која се наоѓаш.

Таа разлика од оние квалитетните и оние кои претставуваат имитација со помал капацитет може да ја забележите на следниве начини:

  • Кај панелните таа разлика може да се забележи во внатрешниот дел на изменувачот кој е составен од лимени крилца наречени ламели . Ламелите се направени пократки, односно не се од горе до доле во внатрешноста на радијаторот. Тоа може да се забележи  ако се заврти радијаторот од долната страна или пак се провери неговата тежина.
  • Кај алуминиумските тоа пак може да се забележи ако се спореди длабочината на радијаторот односно на реброто. Полесните или пократките  ребра доаѓаат со длабочина од 8 сантиметри, додека под стандардни се подразбираат следниве димензии  на едно алуминиумско ребро, ширина 8 см и  длабочина од 9,5 см.
  • Бидејќи тие ребра се поплитки , имаат помалку материјал во нив и нормално помала моќност. Ова лесно може да се забележат според тежината, бидејќи “light” радијатори се полесни.

На почетокот рековме дека кај сите радијатори важна  е големината на површината на телото. Колку повеќе ламели или контакти има со воздухот толку и  повеќе топлина ќе се пренесе во просторијата која што се загрева.

Она што треба да се знае е следново:

  • На пазарот радијаторите со стандардна и помала тежина трговците најчесто ги продаваат по иста цена со оние кои дваат поголема моќност. Инвеститорите кои ги купуваат полесните радијатори најчесто не знаат дека купуваат помала моќност, но и незнаат дека во ваков случај губат и пари. За да се надокнади таа разлика во моќноста односно да се добие саканата топлина, во тој случај од овие радијатори  морате да купите повеќе ребра или поголем панел. Тоа значи дека целата инвестицијата непотребно ви се золемува.

Кажано со други зборови, за исти пари добивате помала моќност. Цената најчесто им е иста со стандардните радијатори,  но во моќност е послаба за околу 10%.

Совет, при донесување на одлука за купување на радијатори добро проверете ја техничката документација на истите.

Trackbacks

  1. […] Веќе пишувавме за дилемата при изборот на радијатори: Дали да биде алуминиумски радијатор или да биде панеле…? […]

  2. […] греење со помош на подно греење, ѕидни панели и панелни радијатори. Во комбинација со новата генерација на домашниа […]

Остави коментар

*