Нов и многу атрактивен начин на греење е поставување на котел на биомаса со кој ќе ја добиете посакуваната топлина во затворените простории, а воедно да имате помалку работа околу одржувањето на котелот ( чистење големи количини на пепел, ложења по три/ четири пати во денот итн.). Со користењето на огревен материјал на биомаса не само што имате помалку работа околу одржувањето на котелот, туку ја намалувате емисијата на јаглерод диоксид во воздухот со што допринесувате за еколошки чиста и здрава околина.
Во овој пост ќе одговориме на повеќе прашања поврзани со греењето на биомаса и начините за препознавање на квалитетен огревен материјал наменет за овој начин на греење.
Што заправо претставува биомаса?
Биомаса претставува остатоци од органски материјал, особено од растително потекло, кој може да се користи како извор на енергија за греење. Како најшироко користени извори за произвотство на материјал на биомаса се дрво, слама, брзо растечки култури (пр. шекерна трска и семе од репка), органски отпад (добиточен отпад, комунален отпад, отпадни води). Биомасата лесно согорува и произведува топлина, која потоа може да се конвертира во механичка или електрична енергија. Со разни технолошки процеси биомасата може да се конвертира во течна или гасовита состојба, која ќе може да се користи како биогориво (биогас и биодизел).
Што е лесна биомаса?
Биомасата е воглавно изработена од природно дрво без додатоци (боја, лепак) тоа се:
– Шумски дрва (логови, гранки, грмушки итн).
– Дрво од земјоделски и градежни површини (дворови, паркови итн).
– Остатоци од дрво при неговата преработката (пилевина, плочки, прашина итн).
– Користено дрво (мебел, садови итн).
Овој тип на биомаса е најпогоден за греење и затоплување на затворените простории.
Како да преопзнаете квалитетен пелет?
Најдоброто начин за да го препознаете квалитетот на пелетот е калоричната вредност, содржината на пепел што ќе остане по согорувањето и содржината на влага која ја има пелетот.
Калорична вредност на пелетот се мери со топлинска единица (BTU). Повеќето производителни на пелети ја имаат прикажано калоричната вредност BTU, меѓутоа ретко кој ја прикажува содржината на влага, што допринесува да можат да манипулираат со вистинската вредност BTU на пелетот. Вредносната содржината на влага во пелетите е корисна информација, бидејќи преку неа најлесно може да се пресмета колку топлина одаваат при согорувњето. Најдобрите пелети имаат калорична вредност од 8000 – 8400 BTU или калорична вредност од 8200 – 8800 BTU без влага.
Содржината на пепел се мери како процент од тежината на пелетот, и мора да биде максимум 1 %. Колку има помалку пепел толку се поквалитетни пелетите, а самото ова ќе значи и помалку чистење на пепелникот. Препорачлив процент на остаток од пепел е 0,3 %.
Содржината на влажност се мери исто така во проценти. Влагата на пелетот мора да биде помала од 8%, додека пак пелети со висок квалитет ќе се сметаат оние кои имаат влага од 6,5% или помалку. Ако содржината на влага во пелетот е премногу висока, може да забележите дека при самото палење на печката ќе ви биде потребно повеќе време одколку што е вообичаено.
Постојат индустриски стандарди по кои се одредува квалитетот на пелетот. Овие стандарди не ја вклучуваат само калоричната вредност, туки и густината, влагата, количината на пепел, должина и дијаметар на пелетите, отпорност на абење и волумен (односно бројот на пелети во даден волумен на просторот). Кога вршите купување на пелети, бидете сигурни дека купувате од производители кои имаат сертификат, што докажува дека производот е во согласност со O-Norm или DIN plus стандардите.
Најлесен начин да се провери квалитетот на пелетот е мирисот. Едноставно земете еден пелет и протријте го во рацете. Тој треба да мириса на свежо и чисто дрво. Ако забележите јак мирис, ова е знак дека во пелетот има дополнителен материјал (лепак, картон итн).
Колку долго може да се чува пелетот, бриќетот?
Пелетот може да се чува неограничено, под услов да се чуваат во просто кој нема влага.
Што е калорична вредност на пелетот?
Калоричната вредност на 1 литар нафта е 10 KW/h, како и на калоричната вредност на 1 m³ гас. Ако имаме дознаење дека просечна калорична вредност на 1 kg пелет е 5 KW/h, можеме да заклучиме дека 2 kg пелет е еднаков на потрошувачка од 1 L нафта или 1 m³ гас.
Што влијае на топлотната вредност на дрвото од кое е направен пелетот?
Калоричната вредност на пелетот највеќе зависи од содржината на влага и вода во типот на дрва од кој се изработува. Во процесот на согорување на дрвото водата која е содржана во него испарува, што значи троши енергија. За да испари 1 кг вода содржана во дрвата е потребно 0,68 KW/h енергија. Ова значи дека колку повеќе вода содржи дрвото од кое е направен пелетот, толку повеќе енергија ќе изгубите во процесот на испарување на водата и помалку е оставена енергија која ќе ја искористат нашите грејни тела.
Дрвата можат да бидат распоредни во неколку различни категории според содржината на влага која ја имаат:
1. Свежо Дрво – дрво кое се употребува веднаш по сечењето, кое има многу голема влажност ( дури 40%).
2. Шумско суво дрво – дрво кое се употребува половина година по сечењето во време кога имало снег или дожд, или околу 4 месеци по сечењето во време кога е сончево и температурите се високи. Ова дрво има влажност од 20-40%.
3. Сушено дрво на отворено – дрво кое е покриено и оставено да се суши 6 и повеќе месеци. Ова дрво има влажност од 20%.
4. Технички сушено дрво (дехидратација) – дрво кое има многу мала влажност од 6 – 15%.
Со секои дополнителни 10% влага на дрвото се намалува калоричната вредност на дрвото за 12%.
Зошто пелети како гориво за греење? Дали горењето на пелети предизвикува загадување?
Точно е тоа дека горењето на пелетите прават емисија на јаглерод диоксид во воздухот, меѓутоа тоа не се така големи количини како некои други извори на енергија. Количините на јаглерот диоксид кои ги испушта согореното дрво или пелетот се во граници на нормалното и точно онолку колку што може да го прочистат дрвата кои виреаат во шумите, парковите итн. За разлика од ова фосилните горива кои не се обновливи исфрлаат енермно високи гасови кои многу потешко се прочистуваат. Снабдувањето со дрва за огрев би било бесконечно доколку постојано има нови садници како замена за веќе исечените дрва.
Зошто да се користи биомаса како гориво за загревање на домовите?
Цената на енергија како што е нафтата и природниот гас од ден на ден се зголемува. Од друга страна ние како држава сме увозници на овие енергенси на кои цената дополнително расте заради превозот и другите трошоци кои се потребни за увоз на истиот. Во овој случај доколку користите огревно дрво или пелети во нашата држава има големи површини со шуми кои располагаат со огревно дрво кое и тоа како е поекономично и поефтино во однос на останатите увозни енергенси.
Се надеваме дека во овој пост ви доловивме доволно разлики и причини заради кои е подобро да поставите греење со биомаса, отколку на некои други скапи и неекономични извори на енергија.
gjorgi says
kade bi mozel da najdam masina za briketi