Досега во неколку постови разговаравме за начините на греење, како да одбереме соодветно грејно тело за оваа сезона и да бидеме ефикасни во трошењето и придобивките на топлината која тоа тело ни ја оддава.
Во овој пост малку би се навратиле на системот на греење, неговите основи и потребните информации кои би ни помогнале како основи на некое наше понатамошно искуство и знаење.
Системот на греење може да се подели на неколку основни начини:
* според енергенсот кој се користи
* според начинот на загревање
* според изведбата на грејните тела
Во првата поделба на системот за греење станува збор за енергенсот кој се користи и може да биде опфатен во некоја од следните поделби: плин, уље, цврсто гориво, соларна енергија, електрична струја, топлина од околината и сл.
Во втората поделба каде се зборува за начинот на загревање, се мисли на типот на целиот систем за греење, како е организиран изворот на топлина (ложиштето) во однос на просторот кој треба да се загрее. Поделбата е следна: локални, поединечни, централни системи на греење.
Локалните системи на греење овозможуваат рамномерно загревање на на просторијата во која е сместено грејното тело. Примери за овој начин на загревање се: камини (плински, на цврсто гориво), конвектори, печки, греалки, електрично подно греење и сл.
Централните системи на греење овозможуваат посредно загревање на просторијата со помош на грејните тела низ кои струи соодветен преносник на енергија (топла вода, пареа, топол воздух). Примери за ваков тип на греење се радијаторите, подното греење и сл.
Централните системи на греење се делат на 2 основни начини:
– во однос на струењето на огревниот материјал: пумпни или гравитациски
– во однос на изведбата: двоцевни, едноцевни и комбинирани (Tichelmanovi)
Кога се зборува за пумпните системи на греење, се мисли на работата со присилна циркулација, со затворен експанзионен сад, по механички пат.
Од друга страна, кога зборуваме за гравитациски систем на греење, мислиме на работата според природните начела, според разликата на густината на топлата и ладната вода во инсталацијата. Тука зборуваме за отворен експанзионен сад и систем кој се поретко се користи (во малите системи за греење на цврсто гориво).
Двоцевните системи за греење имаат два, правилно распоредени текови на водата: доводна и повратна. Низ доводниот систем струи топлата вода, додека низ повратната врска поминува оладената вода. На тој начин температурата на водата на влезот на секое грејно тело е еднаква.
Едноцевните системи за греење имаат една цевка која сериски ги поврзува грејните тела, во распоред кој најмногу одговара. Температурата на влезот на секое грејно тело се намалува, во зависност од оддалеченоста на изворот на топлина. Регулацијата се врши со помош на вентили кои се поставени на грејните тела, кои како такви овозможуваат прилагодување на температурата.
Комбинираните системи на греење претставуваат комбинација на едноцевни и двоцевни системи, каде намалувањето на притисокот на секоја гранка на инсталација е еднаков и нема потреба од хидрауличко урамнотежување. Главен недостаток е што еднаква вкупна должина на доводните и повратните линии тешко може да се постигне.
Се надеваме дека овие информации би ви биле од полза кога би се нашле во разговор за системот на греење, дека ќе бидете подобро запознаени со основите и поделбите на овие системи.
Leave a Reply