Термо Систем веќе 8 години ги нуди најдобрите светски решенија за греење и ладење на пазарот.
Од неодамна располагаме со нов изложбен салон, опремен со различна палета на производи, енергетски ефикасни, нови софистицирани системи се со цел да одговориме на секаков профил на купувач. Новиот изложбен воедно е и презентациски салон кој е дизајниран од страна на тимот на Ајде дома.
Тие во потполност ги задоволија нашите барања и ја реализира пораката која сакаме да им ја оставиме на купувачите “ Да ја сочуваме природата”.
Нашата крајна цел е да се создаде кај нашите купувачи чувство дека инвестираат во еден различен проект, наменет првенствено за заштита на околината.
Новиот мултифункционален простор , изложбен и презентациски салон е опремен со висока категорија на производи. Воедно одговара на секојднените барања на купувачите за сите системи на греење и ладење. Исто така и на оние кои бараат иновативни системи со висока енергетска ефикасност и за клиентите кои уредуваат или инвестираат во деловни или станбени објекти.
Leave a Reply