Акција на електрични котли Алес

Почитувани,

Би сакале да ве информираме дека е во тек голема акција на електричните котли Алес која ќе трае до крајот на 2011 година, со што ова е вистинското време доколку ви треба да си обезбедите електричен котел или пак да го замените стариот.

Новите цени на акција кои се со вклучен ДДВ се дадени подолу.

Електричен котел

Електричен котел

Електричениот котел Алес има тристепен (капиларен или дигитален) регулационен термостат, кој ги вклучува и исклучува степенасто греачите во зависност од постигнатата температура. Со тоа се постигнува намалување на потрошувачката не електрична енергија.

  • 9 kW – 10150 денари
  • 12 kW – 11500 денари
  • 18 kW – 12860 денари
  • 24 kW – 14890 денари
  • 30 kW – 18300 денари
  • 36 kW – 19650 денари

Електричен котел – моноблок

Електричен котел Алес моноблок со GIACOMINI елементи. Како кај обичните котли така и овие имаат тристепен

Електричен котел – моноблок

(капиларен или дигитален) регулационен термостат кои ги вклучува и исклучува степенасто греачите во зависност од постигната температура. Со тоа се постигнува намалување на потрошувачката на електричната енергија и оптеретување на електричните инсталации.

  • 9 kW – 21650 денари
  • 12 kW – 23000 денари
  • 18 kW – 24400 денари
  • 24 kW – 26400 денари
  • 30 kW – 29800 денари
  • 36 kW – 31150 денари

Comments

  1. Vi pisav pred izvesno vreme deka sakam da se otkazam od centralno parno greenje i da postavam elektricno kotle,ve molam da me kontaktirate i dogovoriem termin da vidiem kolku ke kost acelosno intervencija.Pozz Vucko 078219395

  2. Почитуван г-дин Вучко,

    Ви благодариме на интересот. Ќе бидете исконтактирани овие денови.

    Поздрав,
    Сашо

  3. Staviv kotel ales-24 kw i vo dnevniot del staviv 1 radiator 180sm 1 radiator 160sm i 1 100 sm so termostatski ventili koi se vklucheni na maksimum.imam odlichna izolacija(termo fasada,pvc prozorci i mnogu tervol vo gips karton sidovite) imam problem so temperaturata vo drugite prostorii kako i vo wc.Vnatreshniot termostat e smesten vo dnevniot del kade i najmnogu sme prisutni i tamu temperaturata e vo red no vo spalnata,hodnikot,i vo detskite sobi e ladno.Dajte sovet kako da se izednachi temperaturata bez da se zgolemi mnogu potroshuvachkata.Konstantno se vklucheni dva grejachi i ako 24kw se podeli na tri mislam deka pri rabotenje se troshat 16kw.Molam za sovet

    • Почитувани,

      Најдобро би било да се консултирате со изведувачот кој ви го поставувал греењето, бидејќи постојат неколку можни решение за вашиот проблем. Првин можеби вентилите кои се надвор од дневната соба не се отворени до крај и грејните тела немаат доволен проток, можеби пумпата не ви е доволно моќна па дотокот не ви е доволен до поодалечените грејни тела. Димензијата на радијаторите надвор од дневната соба можеби се прамали за тој простор а можеби и термостатот ја постигнува температурата во дневната соба па се исклучува порано пред да се постигне температурата во другите одаи. Во последниот случај би требало да го намалите протокот на вентилите во дневната соба со што би се овозможило повеќе време за да се загреат останатите соби.

      Се надеваме дека ви помогнавме.
      Поздрав.

  4. Esat Kercishta says:

    Imam elektricen kotel 24 kw, vas proizvod koristen edna sezona i izgleda kako potpolno nov.Kotelot e postaven na prizemje=kupatilo a dnevnata mi e na sprat dodeka spalnite na potkrovlje(vtori sprat).Dali ovoj kotel odgovara za ovaa visina ili treba da go zamenam so 30 ili 36 kw,bidejki slabo gree.
    I vtoro prasanje dali vrsite zamena staro za novo iako vi velam deka kotelot izgleda kako neiskoristen voopsto.Molam za odgovor.

    • Почитувани,

      Проблем е згоелмениот број на грени тела кои ги имате поставено на горниот спрат и заради тоа не успева да ја постигне бараната температура вашиот котел, бидејќи тој бил димензиониран за определен број на грејни тела, меѓутоа пред да се одлучите за замена на котелот проверете дали цевките се добро и правилно изолирани кои водат од приземјето до поткровјето како би го спречиле губитокот на топлина. Во спротивно ќе треба да си купите помоќен котел кој ќе ја задоволува потребата на грејните тела. Инаку замена на старо за ново не вршиме.
      Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  5. stan 65m2 dnevna,dve mali spalni i kupatilo,,me interesira kolku bi me kostalo, sporet i instalacija …seriozno sum zainteresiran,,ve molam pisete

  6. Imam kuka 3 sprata 140m2 dva se srata po 55m2 eden 28 m2 ve molam da mi pisete kolku bi me cinela celosna instalacija od vasa strana so vasi materijali se da bide podno greenje pozdrav.

    • Почитувани,

      Грубо цената ќе ја добиете по меил, бидејќи за подетално ќе треба да ни доставите скица од куќата врз основа на која може да ви понудиме поконкретна цена.

      Со Почит,
      Термо Систем

  7. bi ve prasal samo edno dali kotel na struja koj e 36 kw potrosuvackata e ista? zs ako e taka toa e premnogu… znaci kolku e potrosuvackata na kotelot od 36kw zs toa e mok.. a ne e navedeno ostanato…

    • Почитувани,

      Електричните котли се со толкава снага колку што ќе уклучите греачи. Во вашиот случај електричното котле од 36 Kw може да има 3 греачи од по 12 Kw или 4 греачи од по 9 Kw. Според потребите на потрошувачот, во зависност од тоа колку квадрати сакате да греете толку греачи ќе уклучите кои имаат прекудач и врз основа на тоа ќе имате толкава потрошувачка.

      Со Почит,
      Термо Систем

  8. zdravo,

    Kje ve zamolam za informacija/preporaki okolu greenjeto na struja so kotel.
    Od investitorot i proektot za samata zgrada soglasno kvadraturata na stanot ni e nalozeno da ima eleletricen kotel od 12kW. Stanot e so kvadratura od 82m2.
    Ima 3 sobi i golema dnevna so kujna (13m2 – postavni bi bile 7 rebra, 9m2-5rebra,9m2-5rebra i dnevna so kujna 37m2 so 2 radijatori 7+12 rebra).
    Stanot e na severo-istocna strana i vo nova zgrada so demit fasada 8cm izolacija i 6 komorni PVC prozori so trojno staklo.
    Dali e ova dovolno ili ke mora da ima dopolnuvanje. Namesto 12kW bi smenile vo 18kW i bi dodavale nekoe rebro. Cisto gruba ocenka ke mi treba.
    Vi blagodaram.

    • Почитувани,

      Доколку сакате да поставите појак котел нема да имате проблем бидејќи од повеќе топлина нема да имате проблем, бидејќи во секое време можете да ја намалите јачината на котелот. Инаку во врска со ребрата доколку ви дозволува просторот да поставите плус некое ребро нема да имате никаков друг проблем проблем, а ќе си добиете побрзо загревање на просторијата.

      Со Почит,
      Термо Систем

  9. Imam kuka 80 m2 postaveno e instalacija za parno greenje. Kolkavo kotle bi bilo potrebno i kolku pari Kosta. Kukata ima izolacija

  10. IMAM KOTEL ALES 24KW , MOZELI DA ZNAEM KOLKU TROSI STRUJA NA EDEN CAS AKO RABOTI SAMO EDEN GREAC

    • Почитувани,

      Во зависност од тоа која јачина е греачот толку струја ќе ви потроши. Обично еден греач е 6 Kw и сразмерно на тоа за еден саат треба да потроши 6 Kw струја.

      Со Почит,
      Термо Систем

  11. aleksandar says:

    Дали димензиите на електричните котлите за сите моќности се исти?
    Заинтересиран сум за 30 kW го планирам просторот. Поздрав.

    • Почитувани,

      Сите електрични котли се со исти динезии на куќиштето, без разлика која ќе биде јачината на котелот.

      Со Почит,
      Термо Систем

  12. Имам куќа од 72 м2 со внатрешна изолација (тервол/гипсани плочи) со дневна -16 м2, кујна -12 м2, две спални -16 м2 и 14 м2, 2х ходник – 6 м2 со 4 м2 и купатило – 4 м2. Ме интересира цената и времето, за комплетна инсталација на парно греење со електричен котел.

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура грубо материјалот со се котелот би ве чинел околу 1000 евра плус монтажата. Инаку ние монтажа немаме, за истата препорачуваме наши соработници. За повеќе информации повелете во нашиот изложбен магацин во Карпош 4.

      Со Почит,
      Термо Систем

  13. Edna informacija ako moze od vas, doma go imam eklektricnoto kotle od 12 kw, za stan od 67 m2, pa ako moze da mi kazete na koja temperatura treba da bide podesen termomanometarot. Fala vi odnapred.

    • Почитувани,

      Термостатот го подесувате на саканата температура која Вам највеќе ви одговара тука правила нема.

      Со Почит,
      Термо Систем

  14. Be molam za info kolku bi bila potrosuvackata grubo na el kotel od 21 Ili 24 kwh.
    Da receme prosecna temperature na 20-25 stepeni?
    Me interesira se dvoumam za kqkov tip na kotel da stavam, pleti Ili elektricen?
    Blagodaram I pozdrav

    • Почитувани,

      Колку ќе потрошите електрична енергија за греење неможеме прецизно никогаш да ви кажеме инаку во глобала електричниот котел кога се уклучува да работи троши снага колку што електрични греачи ќе се вклучат додека не се постигне саканата температура. Доколку сакате да знаете кое е поекономично решение помеѓу струја и пелет дефинитивно тоа е пелетот.

      Со Почит,
      Термо Систем

  15. Zdravo,

    Imam vash kotel od 9 kW vo stan od 63 kvadrati i raboti i gree odlichno.
    Vo posledno vreme se pochesto se slushashe voda niz cevkite i parnoto i ja ispushtiv. Sega primetiv na od kotelot koj e vo banjata od dole istekuva voda i strelkata na termometarot e na 0, iako beshe sekogash okolu 1.
    Shto treba da se napravi? Dali treba da se doturi voda vo kotelot i kako?
    Pozdrav

    • Почитувани,

      Ако губите вода од системот треба да проверите од каде ја губите и тоа да го санирате затоа на манометарот притисок имате 0. Тоа не е добро за системот и треба да си повикате стручно лице доколку сами немозете да го средите проблемот.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*