Започна акцијата за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување сончеви колектори и соларни сетови во домаќинствата. Владата на Република Македонија донесе ПРОГРАМА ЗА НАДОМЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА КУПЕНИ И ВГРАДЕНИ СОНЧЕВИ ТЕРМАЛНИ КОЛЕКТОРСКИ СИСТЕМИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА ЗА 2014 ГОДИНА. Во оваа програма се утврдени начинот, условите, критериумите и постапките за распределба на средствата од овој проект, се запознавате со рокот и условите за да станете потенцијален добитник на субвенцијата.
Немојте да ја испуштите можноста да бидете дел од соларниот систем на греење кој го зголемува трендот на пораст, со неговите карактеристики на ефикасност, сигурност и употреба во светски рамки.
Leave a Reply