Автономен фотоволтаичен систем/ Off grid
Минатиот месец почнавме да говориме за фотоволтаичните системи, како алтернативни извори на електрична енергија. Овој пат ќе се сконцентрираме конкретно на автономните фотоволтаични системи и ќе се обидеме да Ви го објасниме нивниот начин на работа и нивната функција.
Автономните фотоволтаични системи работат независно од други извори на енергија и се системи што не се поврзани со електродистрибутивната мрежа. Типичен автономен фотоволтаичен систем ги содржи следните делови: ФВ модули, автономен инвертор и батерии.
Се монтираат најчесто онаму каде што нема приклучок за електрична енргија или поврзувањето со електро дистрибутивната мрежа е премногу скапо . Најчесто се применуваат за електрификација на рурални подрачја, телекомуникациони објекти, улично осветление, системи за непрекинато напојување, пумпање на вода или во секој дом кој сака да се осамостоии и да има сопствено напојувањето на електрична енергија. Генерално автономните системи имаат потреба од систем за складирање на енергија бидејќи произведената енергија вообичаено не се троши во истиот момент кога ќе се произведува, токму затоа се користат батерии. Батериите што се користат во ФВ системите треба да имаат голем број циклуси со голема длабочина на испразнување. Електродите на соларните батерии имаат помалку плочи, кои се поцврсти (со примеси од антимон) . Капацитетот на батериите зависи од јачината на струјата. Најприменувани се оловно-киселинските или често наречени „оловни батерии“. Овие батерии можат да се полнат или празнат со големи струи, при што имаат голема ефикасност.
Има ретки случаи кога автономниот систем нема потреба од капацитет за зачувување на енергијата како на пример за објекти за наводнување, работа на вентилатор или едноставно за ситеми каде што снабдувањето со електрична енергија не мора да биде достапно цело време. Принципот на работа на еден автономен систем е прикажан детално на следната слика.
- Фотоволтаичните панели генериратат електрична енергија
- Во инверторот електричната енергија се преобразува од еднонасочна во наизменична
- Преку инвертортот се напојуваат сите електрични уреди
- Вишокот на електрична енергија се складира во акумулаторски батерии
Најбрзата исплатливост на вградување на автономните фотоволтаични системи е во индустриските објекти. Со вградување на системот ќе добиете многу поголема исплатливост. Исто така доколку Вашиот објект е новоградба, нема потреба да се приклучувате на електро дистрибутувната мрежа бидејќи со помош на фотоволтаичните панели имате целосна автономија и што е најважно БЕСПЛАТНА СТРУЈА.
Leave a Reply