Сигурно до сега се имате прашувано многупати, како во големите системи за ладење и греење, се одржува рамнотежа и целокупниот систем работи безпрекорно. Тоа е едно многу комлексно прашања, за кое да се изнајде решание бил потребен многу голем период. Од Giacomini имаа направено идеално решение за ваквиот тип на проблеми а тоа се баланс вентилите.
Системите за ладење или греење и нивниот дистрибутивен систем е во рамнотежа кога протокот во целиот систем (термални компонентни линии, дистрибутивни линии и главната дистрибутивна линија) ќе одговара на протоците кои се определени со планот на системот. Доколку балансирањето во системот не е воспоставено правилно, тоа ќе резултира со нееднаква распределба на проток, така што во некои термални единици ќе има вишок на моќност, во други пак ќе се јавува недостаток. Резултатот од тоа мислам дека веќе го претпоставувате кој би бил, односно некои единци ќе работат правилно а останатите само ќе трошат електрична енергија а резултатот нема да го чувствуваме.
Во пракса се покажало дека не е возможно да се направи правилно балансирање на системот, преку манипулација со цевките и цевните димензии. Само со правилно поставување на баланс вентилите може да ја обезбеди правилната дистрибуција на протокот во системот. Баланс вентилите користат најнова технологија за да се обебеди бараниот проток во секое време, без оглед на промените на притисокот во системот. Системите се балансираат користејќи пропорционални методи со рачно подесување на баланс вентилот.
R206N баланс вентилите се основните направи кои што овозможуваат висока прецизност на протокот во системот. Благодарение на соодветното балансирање, брзината на течноста која што ја носи топлината и различни притисочни акции на некои елементи се лимитирани. Преку ова се избегнуваат најразлични дефекти, а воедно во системот се одржуваат потребните работни услови и се обезбедува високо ниво на удобност и поголема енергетска ефикасност.
Инаку R206N баланс вентилите работат до 90 степени максимална температура и 10 бари максмален притисок.
ВО некој од наредните постови подетално ќе ја обработиме темава со балансирањето на системите и баланс вентилите. Во меѓуврее доколку имате некое прашање слободно пишете.
Leave a Reply