
Квалитетен воздух во вашиот дом со Daikin
Податоците на мерните станици деновиве покажуваат високо ниво на канцерогени честички во неколку скопски населби, што веќе свети алармантната виолетова светилка, сигнализирајќи екстремно висока концентрација на штетните ПМ10 честички. Тоа значи дека овие честички го надминуваат нивото од 180 микрограми на метар кубен, иако максималното дозволено количество е 35 микрограми. Растечкиот процент на ситни честички, прашина во воздухот, како и концентрациите на штетни гасови од типот на СО2, H2S, азотни оксиди се повеќе се зголемува.
Доколку сакате квалитетен воздух во средината во која престојувате во вашиот дом или канцеларија. Ние го имаме решението за Вас.
Ви го преставуваме прочистувачот и освежувачот на воздух од програмата на Daikin, Модел: URURU MCK75JVM-K за домашна употреба.
Станува збор за уред во кој е вградена Flash Streamer- технологијата, при тоа преставува исклучително ефикасно при отстранувањето на штетните честици во воздухот, навлажнувајќи го воздухот до идеалното ниво.
Daikin URURU прочистувачот на воздух ефикасно ги отстранува алергените (полен, гриње, прашина итн), бактериите и вирусите. Покрај тоа, овој уред има и силен деодорирачки ефект, ефикасно ги отстранува пушачкиот дим, додека пак останатите непријатни миризби ги разградува. Брзо ги собира честитците кои се во воздухот и ги разградува.
Воздухот минува низ 7-слоен систем на филтри и тоа:
1. Предфилтер-за отстранување големи честички
2. Био-антибоди филтер за отстранување вируси
3. Плазма јонизатор
4. Flash Streamer разградувач на хемиски супстанции;
5. Flash Streamer за фотокаталитичка реакција
6. Фотокаталитички филтер од титаниум апатит
7. Катализатор за деодоризација.
Уредот е екстремно тивок при работење (19 dBa) идеален за во ноќен режим на работа. Неговиот дизај и големина овозможуваат да биде компактен и лесно пренослив (9кг.) Лесен е за одржување и чистење, единствено треба повремено да се наполни резервоарот од 4 литри со вода и тој ќе ја навлажнува просторијата со максимални 600ml/h.
За квалитетот и ефикасноста на прочистувачот на воздух MCK75JVM-K Daikin говорат многуте задоволни корисници ширум светот.
Daikin Industries, Ltd. Е јапонски конгломерат во областа на производство, продажба и сервисирање на уреди за разлададување и греење. Основана е во 1924 година во Осака.
Нескротливата технолошка моќ и смелоста за имплементирање на нови технологии во своите производи, Daikin го издигна на лидерската позиција на глобално ниво.
Leave a Reply