Прочистувачите на воздух се дизајнирани да се грижат за вас и да обезбедат чист воздух и здрава средина во вашите домови. Нивната задача е ефикасно да ги отстранат и уништат хемиските загадувачи и алергиите кои можат да го загрозат вашето здравје.Овие денови кога загадувањето со ПM10 честици во воздухот е загрижувачко ние ви го преставуваме прочистувачот и освежувачот на воздух од програмата на Daikin, Модел: Daikin URURU за домашна употреба. Станува збор за уред во кој е вградена Flash Streamer- технологијата, при тоа претставува исклучително ефикасно при отстранувањето на штетните честици во воздухот, навлажнувајќи го воздухот до идеалното ниво.
Воздухот минува низ 7-слоен систем на филтри и тоа:
- 1. Предфилтер-за отстранување големи честички
- 2. Био-антибоди филтер за отстранување вируси
- 3. Плазма јонизатор
- 4. Flash Streamer разградувач на хемиски супстанции;
- 5. Flash Streamer за фотокаталитичка реакција
- 6. Фотокаталитички филтер од титаниум апатит
ПРИДОБИВКИ
Чистење на воздухот
Воздухот во вашиот дом е загаден од секаков вид на алергeни честици како на пример мувла, грини, полен, како и вируси и бактерии кои прочистувачите за воздух од Daikin успешно ги острануваат. Исто така, висококвалитетните филтри се грижат за отрсанување на предизвикувачите на непријатни мириси.
Моќно вшмукување
Прочистувачот на воздух од Daikin има капацитет да вшмука голема количина на воздух, со што целиот процес на прочистување на воздухот е пократок и поефеикасен.
Удобност
Карактеристиките на Daikin прочистувачот, како што е мониторот кој што го покажува количеството на прочистен воздух, го прават управувањето едноставно и безбедно.
Како работи Daikin Ururu?
Водата од резервоарот протекува во садот каде што се врти и се крева кон филтрите. Нечистиот воздух кој е примен преку филтрите ги апсорбира бактериите и испушта прочистен и развлажнет воздух (види слика).
- Тркалото за вода ја крева водата од садот
- Воздухот е издуван во филтерот
- Влажниот воздух е испуштен во просторијата
Уредот е екстремно тивок при работење (19 dBa) идеален за во ноќен режим на работа. Неговиот дизај и големина овозможуваат да биде компактен и лесно пренослив (9кг.) Лесен е за одржување и чистење, единствено треба повремено да се наполни резервоарот од 4 литри со вода и тој ќе ја навлажнува просторијата со максимални 600ml/h.
Нескротливата технолошка моќ и смелоста за имплементирање на нови технологии во своите производи, Daikin “Ururu” го издигна на лидерска позиција на глобално ниво.
Leave a Reply