Најголемиот извор на обновлива енергија е Сонцето
Оваа сјајна топка главно се состои од водород и хелиум. Секоја секунда во центарот на сонцето 600 милиони тони водород во процесот на фузија преоѓа во хелиум, каде што доаѓа до ослободување на голема количина енергија. На овој начин настанува повеќе енергија отколку што човештвото може да произведе за една година. Според горенаведеното, температурата во внатрешноста на Сонцето надминува 15 милиони°C.
Енергијата добиена преку процесот на фузија се шири во универзумот во облик на светлосна и топлинска енергија, но само еден мал дел доаѓа до земјата, каде што се претвора во други видови на енергија.
Поради неограничените количини на енергија од сончевото зрачење, која е основен извор на животот на Земјата, денес со особено внимание се спроведува истражување се со цел да се развијат ефикасни технологии на користењето на енергија да се задоволат секој ден повеќе изразените енергетски потреби на човекот.
Производство на топлинска енергија
Енергијата на Сонцето може многу ефикасно да се искористи за производство на топлина неопходна за греење на просторот и греење на водата. Од вкупната потрошена енергија од страна на човекот дури 75-80% се троши за греење на просторот и водата. Топлинската енергија може да се произведува со помош на сончеви колектори и топлински пумпи. Соларните системи можат да обезбедат целосни потреби за топла
вода и значително количество на греење. Ако е нискоенергетски објект или пасивна соларна куќа која е термички изолирана и инсталирана за греење на подот или ѕидот (температура на водата до 35 ° C), во овој случај, сончевите колектори можат целосно да обезбедат топлина потребна за греење и вода. Соларните колектори ја користат енергијата на Сонцето а топлинската пумпа, енергија од земјата, водата и воздухот.
Соларни колектори
Сончевите колектори со помош на сончевата енергија ја затоплуваат водата или некоја друг некој друг флуид што циркулира низ нив. Системите за загревање на водата може да бидат отворени, при што водата која треба да се загрее поминува директно преку колектор кој е поставен на покривот. Затворените системи, работат на принцип, сончевото зрачење загрева флуд што циркулира низ колекторот, а топлината од загреаниот флуидот се предава вода. Затворените системи исто така може да се користат кога надворешната температура е под 0 ° C. Во текот на денот, ако има директно сонцечево зрачење, водата може да се загрее само во колектори. Ако времето е облачно, колекторите помагаат да се загрее водата и со тоа да се намали
потрошувачката на енергија. Исто така, постојат колектори кои директно го загреваат воздухот. Во овие колектори се врши циркулација на воздухот и на тој начин голем дел од енергијата се пренесува во воздухот. Воздухот потоа се враќа во собата која се загрева и со тоа ја одржува температурата во просторијата.
Комбинацијата на греењето на воздухот и загревањето на водата резултира со многу висока заштеда на енергија. Соларните колектори се многу едноставни уреди, кои прават изолирана кутија чија едната страна е транспарентна. Под оваа страна постои мрежа на цевки низ кои поминува вода. Цевките се приклучуваат на таканаречените цевки крила кои ја сочинуваат внатрешноста на колекторот. Крилата се направени од
алуминиум (кои се поевтини и помалку ефикасни) и бакар (тие се поскапи и поефикасни). Во двата случаи, крилјата се обоени во црно, што овозможува апсорпција на сончевото зрачење што поминува низ проѕирна страна на колекторот и ја погодува црната површина на листовите на крилото и се претвора во топлинска
енергија. Добиената топлинска енергија се пренесува до цевките (со кои тие физички се поврзуваат), што доведува до загревање на водата која минува низ цевките. Загреаната вода оди во резервоарот каде што се акумулира. Многу е важно резервоарот за складирање да е добро изолиран бидејќи ги намалува енергетските загуби. Количината на температурата во колекторот ќе зависи од неколку фактори, меѓу другото, од сезонските и временските услови во одредена област. Луѓето често се прашуваат дали имаме доволно сонце во текот на целата година за да инвестираме во сончевиот систем и дали е економски изводливо. Всушност, 2/3 од вкупното сончево зрачење се јавува во месеците од мај до август, кога соларните системи задоволуваат 100% од вкупните потреби за топла вода. Но, не во месеци како април и септември. Резултатите од сончевите колектори не се занемарливи, бидејќи во овие месеци се сретнуваме со 80% од побарувачката за топла вода, а во следните неколку месеци, како што се март и октомври можно е да се задоволат и над 50% од побарувачката за топла вода. Колекторите обично се поставени на покривите, тераси и градини и се насочени кон јужната страна со отстапување од ± 30 °. Резервоарот за топла вода не треба да биде премногу далеку од колекторот што се загрева, за да се намалат загубите на топлината. Постојат неколку начини за собирање на соларна енергија, така што во зависност од потребите се користат соларни колектори кои можат да бидат плоча (рамни) или вакуум (цевка).
Како работат сончевите системи за греење или догревање?
Соларниот систем се состои од сончев колектор кој се наоѓа на покривот, резервоар за вода и регулатор. Во таков затворен систем се користи пумпа за циркулација на некој флуид, а истиот не замрзнува во зима, а ја пренесеува енергијата собрана во резервоарот. При инсталирање на сончеви системи важно е да се земат предвид вистинските енергетски потреби, површината на колекторот, колку енергија може да произведе, системот и големината на резервоарот, квалитетот на уредот и поврзувањето со системот за греење.
Leave a Reply