Системот за заштита и уравување на пумпите во бунарите, наменет е за водoводи со различни јачини на пумпи. Пумпите имаат широк опсег на работа, кога се зборува за фрекфентната регулација на пумпата. Управување на пумпата може да се изврши согласно:
– Притисокот (одржување на зададениот притисок).
– Протокот (одржување на зададениот проток).
– Нивото (одржување на зададеното ниво на водата во бунарот).
Системот може да се употреби во сите процеси каде се врши управување со течности, односно каде е потребно заштита на пумпата од работа на суво. Тој е особено погоден за вградување во објекти на кои се реконструира водоводната мрежа.
Постојат мноштво од позитивни ефекти од поставување заштита на пумпата:
– Го зголемува животниот век на бунарската пумпа.
– Ја штити пумпата од работа на суво (сондирање и пратење на оптеретувањето на моторот секогаш да биде со течност).
– Повеќекратна електрична заштита и следење на температурата на намотката од електричниот мотор.
– Заштеда на електрична енергија.
Предности на новиот систем за заштита во однос на стариот класичен начин на заштита:
– Прецизно одржување на зададениот притисок или проток на бунарската инсталација за чиста или геотермална вода, спрема количински зададените вредности.
– Долготрајност и значајни заштеди околу одржувањето на пумпата заради лесното стратување и постепеното менување на бројот на обртаи на моторот во склад со потребите кои ги диктира зададеното ниво на водата во бунарот, притисокот или протокот.
– Заштеда на електрична енергија заради оптималното распределување на енергијата во моторот спрема потребите на зададените вредности.
– Спречување на хидраулични удари во инсталацијата, заради постојаната регулација без нагли поремени на притисокот (што се случувало порано кај старите системи ON/OFF).
– Генерално поевтина експлоатација на вода.
– Едноставно подесување и промена на зададените вредности на нивото, притисокот или протокот на вода.
Од сево ова заклучуваме дека за подолг век на инсталираните пумпи и заштеда на електрична енергија, пожелно е поставување на заштитна регулација од работа на суво и намалување на ризикот од оштетување на моторот на пумпата.
Leave a Reply