Со зголемувањето на температурите и доаѓањето на летните горештини започнуваат проблемите со водоснабдувањето. Ова претставува голем проблем за голем дел од населението. Особено проблем околу водоснабдувањето се јавува во средините каде водата се користи интензивно за наводнување. Доколку имате проблеми со водоснабдувањето или околу транспортот на водата можеби е време да почнете да размислувате за пумпа за водоснабдување. Таа би била соодветно решение за вашите проблеми. За да помогнеме на некој начин при изборот на пумпа за водоснабдување која би одговарала за вашите потреби ние ќе ги наведеме основните работи на кои што би требало да посветите внимание за да го направите правилниот избор.
Медиум
Прва и основна работа на која треба да посветите внимание е медиумот. Под поимот медиум на течноста спаѓа видот на течноста, односно дали се работи за вода или се работи за некоја друга течност, бидејќи пумпите имаат широка примена во секојдневието.
Потоа, да се одреди температурата на течноста зошто во глобала повеќето пумпи се ограничени до колкава температура можат да ја транспортираат течноста.
Хемиски состав е исто така многу битен параметер. Газираноста или негазираноста на водата ќе доведат до различен избор на соодветна пумпа.
Намена на пумпата
Многу важен сегмент при одредување на пумпата е намената за самата пумпа. Од каде ќе се зема водата дали станува збор за бунар, дали водата ќе се зема директно од мрежата или пак од резервоар. Доколку водата ја црпеме од бунар потребно е да се знае ширината на бунарот односно бушотината, положба на пумпата и податоци за бунарот односно колку е длабок и на колкава височина почнува да се појавува водата.Доколку водата се зема директо од мрежата потребно е да се знае колку е минималниот и максималниот притиок во мрежата.
Кога ќе го решиме проблемот од каде ја земаме водата треба да знаеме и каде ја испумпуваме, односно дали ќе има резервоар директно во мрежата или нешто друго.
Потребен проток
Во зависност од намената на пумпата треба да се одреди и протокот. Доколку пумпата се користи за куќна инсталација во глобала за еден дом е потребен проток од околу 2 метри кубни на час, но доколку се работи за стамбена зграда или пак за полнење на базен, наводновуање и сл., протокот мора да биде поголем, па затоа при изборот на пумпата размислете за што се би можело да ја употребувате пумпата, за потоа да не се најдете во небрано, односно таа да не ги задоволува вашите барања.
Потребен притисок
Потребениот притисок е важен исто колку и протокот. Доколку притисокот е погрешно одреден и протокот нема да задоволува. За домашна инсталација најчесто притисок од околу 1.5 до 2 bar. ги задоволува потребите, но доколку станува збор за некоја фонтана или прскалка притисокот би требало да биде поголем.
Доколку располагаме со горенапишаниве параметри, изборот на пумпа би бил точен и во комплет би ги задоволил вашите потреби.
Leave a Reply