Дали би сакале да го дознаете рецептот за подолг век на животот на котелот?
Колку запознавањето со оваа проблематика и разгледувањето на ова прашање ќе ви помогне во одржувањето и управувањето со котелот на цврсто гориво?
Често се случува да слушнеме дека се јавува проблемот “протекување од котелот”, да се појави вирче од вода под самиот котел. Голем број од интсалатерите велат дека тоа е нормално, а всушност таквото протекување дава знаци дека нешто не е во ред со работењето на котелот. Водата за која станува збор, не е чиста вода, туку е настанатa по пат на кондензацијата. Таа вода содржи сулфурна киселина која предизвикува корозија и е најчест предизвикувач на појавата на протекување и уништување на котлите.
Поради ова што до сега го кажавме, во понатамошниот дел од овој пост ќе се насочиме на правилниот избор на котелот, правилното инсталирање кое би спречило корозија и сето тоа со цел зголемување на животниот век на котелот.
* Како да се спречи ниско-температурната корозија
Нискотемпературната корозија се јавува во оној момент кога температурата на враќањето на загреаната вода е под точката на роса на димните гасови. Тогаш доаѓа до кондензација на водена пареа во димните гасови, која доведува до она истекување на вода кое како проблем го споменавме на самиот почеток. Со цел да се избегне ваква ситуација, потребно е во сaмата инсталација на котелот да се постави уред кој би ја зголемил температурата на загреаната вода (водата која се враќа во котелот). Сето тоа се постигнува на многу едноставен и брз начин – Со поставување на трокрак или четворокрак вентил. Многу е важно поставувањето на ваков вентил да ја направи стручно лице.
* Заштита со вградување на четворокракиот вентил
Четворокракиот вентил има улога да пренасочи и измеша дел од водата која е загреана со водата која се враќа од радијаторите, ова придонесува до зголемување на температурата на водата која влегува во котелот и со самото тоа доаѓа до балансирање на разликата помеѓу влезот и излезот на ладна и топла вода, што допринесува до заштита на котелот од појавување на кондензација.
* Редовно одржување на котелот
Редовното одржување на котелот е многу важно во истрајноста на самиот котел. Често се случува да се направи слој од несогорени честици на ѕидот на котелот кои делуваат како изолатор, го намалуваат степенот на искористеност на котелот и со самото тоа влијаат врз зголемена потрошувачка на котелот.
* Одбирање на вистинскиот котел за вашиот дом
Често се случува да се одбере преголемо грејно тело за да се загрее помал простор, или пак за голем простор се одбира несоодветно грејно тело со мал капацитет. И во двете ситуации дефинитивно сме погрешиле во изборот и не сме ги постигнале саканите резултати. Истото би можело да се случи и со котелот. Преголем котел работи со половина сила, бара инвестиција во оџак со поголема димензија, има ниска темепература на загреаната вода, што секако може да предизвика корозија.
Инвестицијата во четворокрак вентил која секако би го продолжила животниот век на котелот, претставува инвестиција која со сигурност би била исплатлива.
Leave a Reply