Веќе некој период сите сме сведоци на рестрикциите што се случуваат на електричната енергија. Тоа се случува бидејќи се соочуваме со недостиг на електрична енергија, а тоа автоматски води и кон зголемување на цената на струјата.
Целата таа ситуација на некој начин не принудува да се ориентираме кон обновливите извори на енергија, кои што се бесплатни и ги има насекаде околу нас.
Денеска нашето внимание ќе го задржиме на соларните системи, поточно на бојлерот наменет за соларните системи.
Бојлерот е една од основните алки, која е неопходна за соларниот систем воопшто да работи. Тој ја има истата функција како и конвенционалниот бојлер, односно ја складира топлата вода и ја одржува саканата температура. За да саканата температурата на водата остане непроменета и во периодот на денот кога температурите се намалуваат, бојлерот наменет за соларни системи е обложен со силиконска волна.
Во него има уште и магнезиумска анода која што го штити бојлерот од бигор, сигурносен вентил и грејач чија моќност се разликува во зависност од капацитетот на бојлерот.
Инаку главната причина поради која пишуваме денеска за бојлерот е тоа што на пазарот се присутни бојлери со еден изменувач и со два изменувачи, или пак народно кажано со една змија или со две змии. На нашата адреса пристигнаа многу прашања токму околу бојлерите, односно која е главната разлика помеѓу бојлерот со еден изменувач и со два изменувачи, и како целокупниот систем би се поврзал во куќната инсталација.
Главна и основна разлика помеѓу овие бојлери е тоа што бојлерот со еден изменувач може да се поврзе за една намена, односно или ќе се поврзе за добивање на санитарна топла вода за домаќинството или во системот за греење. Бојлерот со два изменувачи за разлика од бојлерот со еден, може да се поврзе и за двете намени и двете да ги работи истовремено.
За да би можеле да ја користиме топлата вода која ја добиваме од соларниот систем, ние можеме да ја искористиме постоечката водоводна мрежа и само да го замениме приклучокот за топла вода, од конвенционалниот бојлер да го приклучиме во соларниот бојлер.
Постои и втора можност а тоа е инсталирање на нова водоводна мрежа која во зависност од желбата на корисникот може да биде наворешна или внатрешна.
Токму поради тоа цената на монтирањето на соларен колектор варира и неможе со сигурност да се одреди, зошто постојат неколку варијанти во зависност од желбите на корисникот.
[…] го користите системот само за санитарна топла вода, бојлерот ќе биде со еден изменувач. Кога би се користел и за греење на домот бојлерот ќе […]