Карактеристики на котлите на цврсто гориво

Греење со Bosch котлиОвој текст треба да ги обезбеди сите информации, кои треба да му помогнат на секое семејство да го избере вистинскиот котел за својот дом, котел кој троши малку и има високи перформанси, има највисок квалитет на изработка и најдобра контрола.

Инвестирањето во котелот е големо, и затоа информирајте се пред да одлучите да купите. За вас како клиент, освен цената, важни се и многу податоци за потрошувачката на котелот ( трајножаречки , косо ложиште , провеви… ), квалитетот на изработка и дополнителна опрема која е во цената на котелот, а која во друг случај мора да се купи. Друга важна работа е исто така правилната и квалитетна инсталација на котелот, која гарантира котелот  да работи правилно  и да има долг работен век.

1. Трајножаречки котел – рамномерна моќност на котелот, стабилна температура во домот и поголем степен на искористеност.

Кај трајножаречкиот котел гори само онаа количина на гориво која се наоѓа на самата решетка, со што се овозможува да согори во целост. Горивото кое согорува и во вид на пепел пропаѓа низ решетката, додека следнито гориво се спушта и продолжува да гори. Тоа се повторува се додека не се потроши целата количина на гориво. Тоа овозможува рамномерна снага на котелот во периодот помежу две ложења.

Добри страни се следниве:

  • Котелот има приближно иста моќност во периодот помеѓу две ложења, од тука и температурата во домот е рамномерна, односно подобра регулација.
  • Горивото во целост согорува , што го зголемува степенот на корисност на котелот или пак ја смалува потрошувачката на гориво.

2.   Три вертикални провеви –  подобро одземање на топлината од димните гасови, поголемо ниво на ефикасност, намалување на потрошувачката

Кога горивото гори, топлите димни гасови ја греат водата од системот за греење, и потоа одат во оџакот. Од аспект на потрошувачка на гориво подобри се оние котли каде димните гасови остануваат  подолго во котелот, затоа што тогаш веќе се ладат значи  дека повеѓе топлина е предадена на системот за греење односно повеќе топла вода за радијаторите. Затоа, над ложиштето се наоѓаат прегради кои се нарекуваат провеви..

BOSCH котлите имаат 3 вертикални провеви, каде што патот на димни гасови е подолг во спореба со котлите со хоризонтални провеви, па и димните гасови повеќе ќе се изладат, со што ќе се зголеми степенот на потрошувачка при експлоатација и ја намалува потрошувачката на гориво.

Добри страни се дека што повеќе провеви толку повеќе ќе се грее водата во системот за греење  и помала потрошувачка на гориво.

3. Колку подол пат на димните гасови толку поголем пад на притисок во котелот односно и потреба за поголем оџак.

Котловски челичен лим со оптимална дебелина – отпорен на високи температури и овозможува долг работен век на котелот

Котелскиот челичен лим е специјален челик наменети за производство на котли. Тоа е високо квалитетен материјал што е отпорен на  висока температура, како и на термичките  дилатации што се случуваат на високи температури. Ова значи дека котел можеме да го загрееме  и оладиме многу пати без да го промени карактеристиките на котелскиот лим.

BOSCH котлите се направени од котелски лим со дебелина од 4 мм. што гарантира долг и сигурен работен век на котелот. Ознаката на  котелскиот лим според европскиот стандард EN10025-1 е S235JRG2 или нормата EN10027-2 е 1,0038.

Добри страни се долг работен век  / отпорен на термички дилатации и отпорност на високи температури.

4. Принцип довод на  воздух – син пламен на горилникот за целосно согорување на горивото

Слично  како кај автомобилите со карбураторот, и на котелот треба да му се направи добра смеса од воздух и гориво иначе во спротивно потрошувачката ќе биде голема

Котлите на цврсто гориво се специјално дизајнирани за вметнување на воздухот преку 3 позиции: основниот воздух доаѓа преку влезната врата, средниот воздух странично директно над пламенот, а со третиот се врши фина контрола на пламенот, за да се добие син пламен, кој ќе ни вели дека карбураторот е подесен и котелот троши најмала количина на  гориво.

Покрај тоа, сите котли се испорачуваат со регулатор на провев, кој уште повеќе го регулира протокот на воздух и ја одржува температурата стабилна во котелот.

Добрите страни се фино подесување на влезниот воздух и овозможување да се заврши согорувањето на горивото и го зголемува нивото на ефикасност на котелот, односно  ја намалува потрошувачката на гориво.

BOSCH тропромаен трајножаречки котел – Solid 2000 B

Трајножаречки котел BoschОвој котел има минимална потрошувачка на гориво и константна температура помеѓу две ложење.

Тропромајниот челичен котел BOSCH Solid 2000 B долги години, важи за еден од најекономичните котли на пазарот во Европската унија, и претставуваа врвна класа на котли за цврсто гориво, кој во моментов може да се најде и на македонскиот пазар, и се наменети за согорување на ситно сецкани дрва како и јаглен.

Тајната на ниска потрошувачка е трајножаречкиот принцип на работа, кој гарантира дека на решетката секогаш согорува иста количина на гориво. Ова осигурува стабилна температура и целосно согорувањето на горивото со најмала можна потрошувачкана гориво.

10 часа непрекината работа во ноќен режим!

Максимална работа без ложење до 10 часа! Специјалната конструкција на котелот и регулаторот на провев овозможуваат оган да гори цела ноќ, за да го дочекате утрото во топол дом…

Ако се ложи со кокс овој период може да биде до 12 часа.

Регулатор на провев

Регулатор на провев (се испорачува со котелот) и служи за фино нагодување на протокот на воздух, од кого зависи висината на пламенот, односно степенот на корисност  на котелот, што влијае на регулирање на протокот на температура. Овој елемент е од огромно значење во ноќен режим на работа, со цел да се постигне долго време на непрекината раабота.

Котел со 3 вертикална провеви

Благодарение на предавањето на топлината на димните гасови низ три вертикални провеви, трајножаречкото согорување на коса решетки, го прават овој котел со минимум на потрошувачката на гориво, а максималната степен на корисноство класата.

Изработени од котелски лим со дебелина од 4 мм

Современиот дизајн на котелот, изработени од челик котелски лим со дебелина од 4 милиметри обезбедува долготрајна и безбедна работа дури и во најекстремните услови на експлоатација.

Котли за објекти со повисок , поголем и поквалитетен оџак

Услов за искористување на придобивките од овој котел, е оџак со висок квалитет и доволно висина. Ако ова не е проблем во вашиот објект, тогаш BOSCH Solid 2000 B е сигурно вашиот најдобар избор.

Карактеристики на BOSCH Solid 2000 B

Некои од главните карактеристики на овој котел се:

  • Трајножаречки принцип на работа
  • Три вертикални провеви
  • За оџаци од 7м и поголеми
  • Регулатор на провев се добива при испорака
  • Лесно стартување на котелот
  • За помали дрва и јаглен
  • Зголемена врски за приклучок DN 70
  • Способност за работа во системи со гравитациска циркулација

Се испорачува со богата опрема :

  • термоманометар,
  • регулатор на провев,
  • котелска славина за полнење,
  • фланши и контрафланши за поврзување и
  • прибор за чистење

Изберете котел кој одговара за вашиот дом.

  • Не купувајте премногу голем котел -“Резервата” може да ве чини скапо!
  • Прекумерната големина на котелот работи со половина снага, односно со пониска температура на протокот , што овозможува појава на корозија.
  • За поголем котел е потребен и поголем и повисок оџак што ја зголемува и инвестицијата.
  • За да ви помогнеме во изборот можете де ги искористите нашите препораки за димензионирање на котел:

Објект без изолација ……….. 125 W / m²

  • ѕидови без изолација, стари дрвени прозорци, без изолација на кров …
  • Пример: Куќа 250 m², 250m² x125W / m² = 31 од 250 W и 32 kW

Нов објект со изолација ……….. 80-100 W / m²

  • ДЕМИТ фасада, сендвич ѕидови, изолиран објект, нови прозорци ПВЦ или АЛ, итн.
  • Пример: Куќа 250 m², 250m² x90W/m² = 22 500 W и 25 kW

Сите овие податоци како и нови дополинтелни за котлите можете да ги најдете  во каталогот на производителот BOSCH кој се наоѓа во делот Симнувања во Каталози на нашата веб страна www.termosistem.com.mk

Остави коментар

*