Клима уред – инвертер, DAIKIN

Daikin како компанија е основана во далечната 1924 год. од страна на Акира Јарнада во Осака, Јапонија. Во почетокот на фирмата, системите за греење и ладење, главно се произведувале за потребите на кралската авијација, но постепено со текот на времето програмата се проширила и за куќните инсталации. Денеска повеќе од 17,000 луѓе работат на развојната програма на клима уредите, кои се водат по строгите принципи за висок квалитет. Токму поради тоа Daikin е нашироко познат по својот квалитет и моментално го завзема водечкото место во производната индустрија на системи за климатизација, со годишен промет преку 7 милијарди евра .

Во 1972 год. Daikin го отвори своето прво претставништво во Европа. Од тогаш, децении искуство, многу истражувања, иновативна технологија, пристапна цена, како и одличната услуга, го направија Daikin најпрогресивен производител на климатизери во Јапонија и Европа.

 

Daikin – клима уредот инвертер ги има следните карактеристики:

  •  DC Inverter. DC инвертер технологијата на Daikin дигитално го контролира капацитетот испорачан од климатизерот. Со модификација на фреквенцијата или интензитетот на испораката се обезбедува линеарна варијација на ротационата брзина или капацитетот на компресорот, срцето на твојот климатизер. Ова овозможува усогласеност на капацитетоте за греење и ладење на актуелните потребни опреративни услови.
  • Бидејќи инверторите се прилагодуваат на амбиенталната температура кога е потребно, потрошувачката на енергија се намалува за повеќе од 30%, споредено со останатите клима уреди.
  • Кога ќе се селектира функцијата за штедење “ECONO mode“ потрушувачката на енергија опаѓа.
  •  A и Б енергетска класа. Што значи дека спаѓа во групата на енергетски ефикасни клима уреди.
  •  Енергетската ефикасност за Daikin – инвертер FTXN35K /RXN35K со моќност од 3,5 KW според COP e 3.43
  •  Можност за греење до – 15 C.
  •  Филтерски состав. Специјални филтри по целата должина на внатрешната единица го прочистуваат влезниот воздух од  нечистотии. Комбинацијата на специјално избрани компоненти одлично делува против бактерии и ги елиминира непријатните мириси.
  •  “Vertical auto swing“ Оваа опција овозможува вертикално автоматско движење на испустниот воздух, притоа собата добива хомогена дистрибуција на воздух и има иста собна температура.
  •  Многубројни светски признаени сертификати.
  •  Гаранција од 36 месеци.

 

Comments

  1. Andreja Dodov says:

    Dali imate na lager klima inverter Daikin FTXN25L, 2.5KW ? ili drug model.

    Vi blagodaram.

    p.s. cena so montaza, za 5m’ od vnatresnat do nadvoresna edinica.

    • Почитувани,

      На лагер ги имаме клима уредите Daikin FTXN35L 3,5 и 5 Kw, цените ги имаме на нашата веб страница. Дополнителни информации имате добиено на Вашиот маил. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.

      Со Почит,
      Термо Систем

  2. Почитувани,

    Во работен простор, потребна ни е клима кај која има можност надворешната единица да биде повисоко од внатрешната на околу 10метри. Јачината треба да биде 5,5 инвертер систем. Дали имате можност за вакво нешто?

    Однапред благодарна.

    • Почитувани,

      Технички е изводливо да се монтира така клима уред, меѓутоа треба да се внимава при монтажата на лаковите кои се прават, со други зборови треба многу стручно лице да ја монтира таквата изведба. Доколку сте заинтересирани повелете во нашиот продажен салон во Карпош 4 можете да си набавите клима уред и ќе ви дадеме препорачано лице кое може да ја направи таа монтажа.

      Со Почит,
      Термо Систем

  3. Dali ima vo veles nekade da se kupi 3.5 kw daiking i kolku e cenata so montaaza poz

  4. sakame da stavame klima Daikin inverter 3,5 kw, dali odgovara za prostor od 30 m2 ,kolku pari e klimata i kade vi e salonot, i dali montirate vo Kavadarci?Pozdrav

    • Почитувани,

      За бараниот простор без проблем ќе ви одговара 3,5 kW клима уред. Инаку цени и дополнителни инфорлации ќе добиете на Вашиот меил.

      Со Почит,
      Термо Систем

  5. pocituvani
    sakam da stavam klima daikin 3.5 kw.Ve molam cena i dali imate ovlasten montazer vinica-kocani.blagodaram

  6. Zdravo

    Ve molam za ponuda za inverter klima za 35m2, visina na tavanot e 2.8m?
    Dali ovaa klima e dovolna?
    Pozdrav

    • Почитувани,

      За Вашата квадратура на граница ќе биде 3,5 Kw, за да имате комфор во греењето подобро би било да поставите 5 Kw тоа зависи од Вашата одлука.

      Со Почит,
      Термо Систем

Остави коментар

*