Клима уредот е составен од две единици и тоа надворешна и внатрешна единица. Најчесто во нашите домови можеме да се сретнеме со клима уреди составени од само со една единица, но постојат и системи со повеќе внатрешни единици – мулти сплит системи.
Предности и недостатоци на клима уредите
Предности:
- Комфор. Идеална температура во просторот каде живееме или работиме, во текот на целата година.
- Здравје. Приказните за тоа дека климатизерите се штетни по здравјето, можат веднаш да паднат во вода само кога би се дознала бројката на луѓето заболени од срцеви болести кои имаат инсталирано клима уред во својот дом само да можат да ги преживеаат летните горештини.
- Чистота. Нема дим, пепел, ниту прашина како кај греење на цврсто гориво. Уредите поседуваат филтри кои ја собираат прашината, и ги има обични и електростатички филтри кои пак уништуваат разни бактерии, го прочистуваат воздухот од непријатни мириси и произведуваат озон.
- Брзина. После само неколку минути од вклучувањето, ако уредот е правилно димензиониран, во просторијата ќе се почуствува промена на температура. Исто така со помош на тајмерите може однапред да се подеси вклучувањето или пак исклучувањето на уредот. Потрошената енергија ќе биде речиси иста и во режим на греење и во режим на ладење.
Недостатоци
- Проветрување. Сплит системите, стандардно, не го мешаат воздухот во просторијата со надворешниот воздух – нема проветрување на воздух во просторијата.
- Губиток на сила на многу ниски температури – се однесува на класични поевтини клими кои не поседуваат инвертер технологија.
Внатрешна единица

Кога климата е вклучена во режим на греење работата е обратна. Внатрешниот испарувач сега има улога на кондензатор, а надворешниот кондензатор добива улога на испарувач.
Надворешна единица
Надворешната единица се состои од компресор и испарувач или кондензатор (разменувачи на топлината). Кога клима уредот е пуштен во режим на ладење, кондензаторот во надворешната единица се загрева и топлината се исфрла во околината со помош на вентилаторот. Во случај кога имаме режим на греење , процесот е обратен. Тогаш внатрешната единица дува топол воздух во просторијата, а надворешната единица ладен воздух во околината.
Мулти – сплит системи
Се состојат од една надворешна и од повеќе внатрешни единици. Во зависност од моделот некои користат исти компресор од надворешната единица за секоја внатрешна единица, додека пак други имаат по еден компресор за секоја внатрешна единица. Инаку мулти сплит системот во работата не се разликува од стандарниот климатизер и тој работи на истиот принцип, односно внатрешниот воздух го лади или загрева и на накој начин го пречистува низ специјални филтри кои се составен дел од него и кои ја отстрануваат прашината, димот и поленот од воздухот.
Во наредниот пост ќе ги објасниме останатите делови кои се наоѓаат во сплит системот и без кои еден клима уред не би можел да функционира правилно. До тогаш за сите прашања поврзани со климатизерите отворени сме за соработка.
Bi sakal da mi odgovorite da li prodavate multi split sistemi,i dali ima razlika,barem vo odnos na cenata,da li ke se instalira,na pr.eden inverter,klasicen so edna nadvoresna i edna vnatresna edinica,ili inverter so edna nadvoresna i dve vnatresni edinici,t.e.odnos efikasnost-cena.Blagodaram.
Почитувани,
Во нашата програма имаме Даикин инвертер клима уреди кои се со една надворешна и една внатрешна единица и цената на нив можете да ја погледате на нашата страница. Доколку сакате сплит систем ќе треба да биде направена порачка за него и цената би била далеку поголема, да не речеме иста како кога би поставиле две класични клими инвертер. Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете.
Со Почит,
Термо Систем
Blagodaram
Zdravo. Mi treba multi split sistem edna nadvoresna so dve vnatresni edinici. Bitno mi e greenjeto. Do – 15 – 20 ekonomicen kakov model bi ponudile. Fala mnogu.