Колку важен чекор претставува инсталацијата на соларните системи?

a-cuttingedge-solar-hybrid-collector-produced-by-solimpeks-21395555

Знаеме дека соларниот систем е тој кој ја користи бесплатната сончева енергија и токму заради можноста за производство на санитарна топла вода и високата енергетска ефикасност бележи светски тренд на пораст. Колку и да сме запознаени со карактеристиките и предностите на соларните системи, исклучително е важно да обрнеме внимание на неговото инсталирање.  За да инсталирате соларен систем во вашиот дом, најпрво треба да се  увидат можностите и условите за поставување на истиот. Нашето внимание денес го насочуваме кон самата инсталација, односно како би требало да го поставите соларниот систем за да може максимално да ги апсорбира сончевите зраци.

Постојат две опции за инсталирање на Соларните колектори: на рамен кров и на кос кров.

1. Инсталацијата на рамен кров се врши според сликата прикажана подолу, со тоа што прицврстувањето на кровот се врши на бетонски  плочи или на делови од објектот, за да може колекторот и рамката да ги издржат напрегањата при силен ветер.

Поставување на соларни колектори на кров

2. Инсталација на кос кров се врши на тој начин што  на самото место се изработуваат држачи во зависност од косината на кровот и од ситуацијата, со цел да можат колекторот и рамката да ги издржат напрегањата при силен ветер.

Агол на поставување на колекторите

Во однос на страната на светот (локацијата на објектото каде треба да се постават колекторите) и аголот на поставување на колекторите, за нашата местоположба се препорачува од 30º до 55º, додека за централна Европа се препорачува агол од 25º до 70º.

Азимутот преставува агол на отстапување од југ, додека јужната страна има агол 0º па затоа поставувањето на аголот по азимут секогаш треба да е што поблиску до 0º односно прифатливи се отстапувања од 45º југозапад односно југоисток. На долната слика е пикажано како тоа би изгледало сликовито.

Соларни системи - агол и радијација

При инсталирање на соларниот колектор, истиот треба да се заштити (покрие со непровидна покривка ), со цел да се избегне опасноста од изгореници.

Избегнување на засенчување

Доколку колекторите ги поставиме еден врз друг, треба особено внимание да посветиме на тоа колекторите да не се засенчуваат еден со друг. Доколку дојде до ситуација тие да се засенчуваат, делот од колекторот кој е под сенка нема да ги асорбира сончевите зраци и нема да биде ефикасен во неговата работа. Колекторите треба да се постават, така да не настанува сенка помеѓу 9 часот наутро и 3  часот попладне. Парцијално засенчување, поради мали објекти, како антени, некоја мала гранка или слично, не се од големо значење.

Доколку се следат објаснетите чекори во поставувањето на соларните системи, од нив ќе го добиете максимумот и сето тоа ќе придонесе во голема ефикасност во нивното работење.

Остави коментар

*