Мали практични совети за подобра енергетската ефикасност на вашиот дом

Кај нас преовладува мислење дека за да го направиме нашиот дом и малку енергетски поефикасен потребни се еден куп пари. Сега ќе се обидеме тоа мислење да го разбиеме преку неколку практични совети, кои доколку ги примените ќе ви бидат од голема корист.

Добар дел од домовите имаат стари прозорци кои се со доста процепи и од кои влегува ладен воздух со што се губи добар дел од топлината. Најлесно да се справите со тоа е со помош на силиконот. Земете силикон и пополнете ги пукнатините. Според истражување кое е изведено во Америка околу 10% од губитоците се поради пукнатини во вратите и прозорците. За евтини пари можете да набавите силикон, а при тоа да заштедите солидна сума на пари. Ова е доста практичен трик, посебно во зимските денови.

Замена на старите светилки со нови. Општо познато е дека лед светилките се многу поекономични од обичните светилки. Замената на светилките не е многу голема финансиска инвестиција, но секако дека е исплатлива. Во зависност за кој вид станува збор тие се за околу 90-80% енергетски поефикасни во однос на обичните светилки

Селектирајте го вашиот отпад. Најдете еден дел од вашиот двор каде би вршеле селекција на отпадот кој го генерирате. Одделете неколку квадрати каде би одлагале харија, пластика, метал, бакар или алуминиум или во принцип сè за што отпадите даваат пари. Соберете доволно отпад и однесете го во некои од многуте отпади и замете пари за нив. Заработувачката нема да биде кој знае колку голема, но зошто да не заработиме од оние работи кои и така сакаме да ги фрлиме и од истите да не се почестиме нешто.

Засадете дрво. Дрво непосредно пред вашиот прозорец може да значи многу. Многу поголем ефект би имало доколку дрвото е листопадно. Во летните месеци нема да дозволи директно да сјае сонцето во вашиот дом така што ќе имате мошне поладен дом. Во зимсиот приод бидејќи листовите му се опаднати ќе дозволува соцето да продира преку прозорците во вашиот дом. Еден садник за дрво може да чини околу 200 до 300 денари, а можеби ќе го добиете и бесплатно од некои шумски претпријатија. Така да речиси за безпари вие добивате природен изолатор.

Соларен ситем за топла вода. Местоположбата на нашата земја е таква што во текот на годната изобилуваат сончеви денови. Соларниот систем можеби и не најефтино решение но со оглед на придобивките и тоа како е потребен во еден дом. Доколку соларниот систем се поврзе и за системот за греење придобивките од него се уште поголеми а инвестицијата ќе се поврати за многу пократок период.

Ова се само еден мал дел практични совети за енергетски поефикасни домови. Во иднина ќе објавуваме уште многу. На Вас останува доколку имата можност да ги примените и ако имате дополнителни прашања да пишувате.

 

Остави коментар

*