Мароко официјално пушти во употреба огромна соларна централа во Сахара, започнувајќи ја првата фаза од проект што треба да овозможи обновлива енергија за повеќе од милион Мароканци.
Централата Noor I се наоѓа во близина на градот Уарзазате, на работ на Сахара, а може да генерира до 160 мегавати енергија и покрива илјадници акри од пустината, со што го доби епитетот на најголемата централа за соларна енергија во светот.
Кога следните две фази, Noor II и Noor III ќе бидат завршени, централата ќе биде најголемиот произведувач на соларна енергија во светот.
Инвестицијата во обновлива енергија ќе го направат Мароко помалку зависно од увозот на енергија, но и ќе ја намалат емисијата на штетни гасови од земјата за милиони тони.
Способноста да ја складираат топлината за да создава енергија и кога сонцето не свети директно е голема предност на соларната термална енергија (наречена и концентрирана соларна енергија). За разлика од фотонапонските системи, термалните системи не се исклучуваат кога има облаци врз сонцето, и не се потребни батерии за складирање на енергијата во текот на ноќта.
Leave a Reply