Модуларни колектори

Во денешно време секој некаде брза, сите имаат недостиг на времето, а сите целиме кон тоа да бидеме што попродуктивни и покорисни во работата. Овој систем на работа е присутен во сите сектори, а особено е многу присутен во секторот на градежништвото. Како и во сите останати гранки на индустријата и тука времето вреди многу пари и работата се гледа да се заврши најбрзо што може. Кај градежните материјали и изведбата на истите, многу многу и не можеме да помогнеме, но со нашата програма во системите за греење, ладење и за водовод, и тоа како можеме да придонесеме работата да се заврши што побрзо, но во исти време и истата да биде со многу голем квалитет.

За модуларните колектори веќе пишувавме во едне од минатите постови, каде ги наброjaвме сите и кажавме која е нивната намена. Денеска ќе пишуваме за R585M модуларниот колектор, кој се користи во системите за греење, но и во изведба на касетен водовод. R585M модуларниот колектор е специјално развиен за употреба во санитарни дистрибутивни системи на вода, кои ќе се монтираат со леснотија и се многу лесни за употреба, но сепак земајќи ја во предвид естетиката и можноста за маневрирање. Овој прилично нов вид на модуларен колекектор овозможува инсталација на повеќе конекции, кои што можат да одговорат на индивидуалните потреби на инсталацијата. За олеснување на контролата на протокот, модулот е опремен со “handwheel” вентил на предниот дел и може да се користи за отварање или пак целосно затварање на снабдувањето со вода.

За инсталација на повеќе модули, едноставно е потребно модулите да се приклучуваат еден со друг, а  приклучувањето е многу лесно и не бара употреба на многу сила, ниту пак некој дополнителен алат. При инсталирањето треба да се провери дали колекторот е чист и треба да е без нечистотии, за да во понатамошна употреба не дојде до запушување. Модулите меѓусебно се поврзуваат така што машкиот навој на едниот модул се спојува со женскиот навој со другиот модул. За да се спојат меѓусебно модулите се ротираат за 90 степени се додека машкиот навој на колекторот не навлезе во другиот колектор. На навојот има гумичка која го спречува евентуалното истекување на вода. Инаку со користењето на модуливе не само што заштедуваме на време, туку и заштедуваме и на материјал со тоа што не е потребен ниту тефлон, коноп и.т.н.

За да создадеме колектор од 7 излези потребно е два крајни и 5 средишни модули. Крајните модули одат во пакување по два и не се делат зошто колекторот без крајните модули не можат да функционираат. Модуларните колектори R585M можат да се најдат во две големини и тоа од еден цол и три четвртини. Во зависност која големина ќе ни биде потребна, само ги менуваме крајните колектори а средишните си останувааат исти.

Модуларните колектори се особено погодни доколку сакаме да извадиме или пак да додадеме грејно тело. За разлика од останатите колектори каде треба целиот систем да се преправа, кај модуларните колектори само треба еден колектор да се додаде или пак да се извади и со тоа работата е завршена.

Доколку имате дополнителни прашања во врска со темава слободно пишете.

Остави коментар

*