Бидејќи денес се повеќе се обрнува внимание на добрата изолација со цел до енергетски поефикасни домови, се занемарува циркулацијата на внатрешниот и надворешниот воздух. Резултатот од ова е воздухот кој го дишеме во домовите некогаш е позагаден од надворешниот.
Прочистувачите на воздух се дизајнирани да се грижат за вас и да обезбедат чист воздух и здрава средина во вашите домови. Нивната задача е ефикасно да ги отстранат и уништат хемиските загадувачи и алергиите кои можат да го загрозат вашето здравје. Овие денови кога загадувањето со ПM10 честици во воздухот е загрижувачко ние ви го преставуваме прочистувачот и освежувачот на воздух од програмата на Daikin, Модел: Daikin Ururu за домашна употреба. Станува збор за уред во кој е вградена Flash Streamer – технологијата, при тоа претставува исклучително ефикасно при отстранувањето на штетните честици во воздухот, навлажнувајќи го воздухот до идеалното ниво. Внатрешниот воздух може да содржи полен, прашина, од домашните миленици…
Како функционира овлажнувачот за воздух Ururu?
Водата од резервоарот протекува во садот каде што се врти и се крева кон филтрите. Нечистиот воздух кој е примен преку филтрите ги апсорбира бактериите и испушта прочистен и развлажнет воздух (види слика).
- Хидраулично тркало ја подигнува водата која доаѓа од резервоарот
- Воздухот се насочува кон филтерот
- Во просторијата се ослободува влажен воздух
Уредот е екстремно тивок при работење (19 dBa) идеален за во ноќен режим на работа. Неговиот дизај и големина овозможуваат да биде компактен и лесно пренослив (9кг.) Лесен е за одржување и чистење, единствено треба повремено да се наполни резервоарот од 4 литри со вода и тој ќе ја навлажнува просторијата со максимални 600ml/h.
Нескротливата технолошка моќ и смелоста за имплементирање на нови технологии во своите производи, Daikin “Ururu” го издигна на лидерска позиција на глобално ниво.
Leave a Reply