
Инсталирањето или монтажата на климатизерот најчесто претставува и најголем проблем. Доколку климатизерот неправилно (погрешно) се монтира најчесто ја губи и гаранцијата, а најмногу дефекти се јавуваат токму поради лошо изведената монтажа.
Сега нашето внимание ќе го насочиме токму кон правилното монтирањето на климатизерите, но сепак да напоменеме дека за квалитетна монтажа сепак се потребни и квалификувани монтери, со специјален алат и додатни елементи. Во продолжение ќе ги наведеме основните работи на кои потребно да се обрне внимание при монтирање на клима уредот.
Најпрвин потребно е да се одреди местотот каде ќе се монтира внатрешата и надворешната единица на клима уредот. Тука потребно е да се внимава на која висина се поставува внатрешната единица. Доколку висината на просторијата е околу 2,5m, внатрешната единица се поставува на висина 2,2m. Во прилог следи слика на која се гледа растојанието на внатрешната единица од плафонот, које е универзална и вака се монтираат безмалку сите климатизери.
Особено внимание треба да посвети на растојанието помеѓу внатрешната и надворешната единица кое во однос од големината на климата, максимално може да изнесува од 2 до 15m, од каде што ќе зависи колкава би била количината на фреон во нив и дали ќе треба да се надополнува.
Кога ќе се избере местото за монтирање на внатрешната единица се наместува носачот за истата и се обележуваат местата каде што ќе се издупчат дупките . Во глобала носачот се прицврстува со 4 или 6 навртки и би требало да се внимава кога се поставува да биде во идеална хоризонтална положба.
Кога ќе се постави внатрешната единица се прави дупка во ѕидот преку која внатрешната треба да се поврзе со надворешната единица. Надворешната и внатрешната единица се поврзуваат со бакарни цевки кои се изолирани и низ кои циркулира фреон. Потоа надворешната и внатрешната единица се поврзуваат со кабел за напојување и целата таа инсталација, потоа заедно со бакарните цевки се обвиткува со специјална трака која ги заштитува од надворешните влијанија. На крај се поставува и цревото за кондензација на воздухот од надворешната и внатрешната единица.
За да се монтира надворешната единица потребно е првин да се одреди местотоположбата за неа, потоа да се наместат надворешните носачи (држачи). Тука е потребно да се измери прецизно растојанието помеѓу носачите и ногарките кои се наоѓаат на надворешната единица за да можат климата прецизно да се прицврсти. Пожелно е при монтажа на клима уредот да се постави гумена подлога под ногарките, која ја намалуваат бучавата од вибрациите од климата. Инаку надворешната единица се монтира на помала висина во споредба од внатрешната. Може да се монтира и на повисока положба но тогаш начинот на поврзување помеѓу надворешата и внатрешната единица е сосема друг. Во тој случај инсталацијата се изведува во форма на круг за да се заштити уредот односно внатрешната единица од евентуален дефект на компресорот.
На крај останува уште да се постави и цревото за одвод на кондензатот и да се направи вакумирање и полнење на системот со фреон. Вакумирањето е неопходен процес при монтирањето на клима уредот преку кој се истиснува сиот воздух од системот и инсталацијата се проверува на тој начин од евентуално истекување на фреонот. За правилното вакумирање, што се е потребно и како се изведува, подетално ќе зборуваме во наредниот пост, а до тогаш доколку имате прашања пишувајте.
Leave a Reply