Во последниот период сигурно многу често ја имате слушнато фразата, “да ја подобриме енергетската ефикасност“. Оваа се должи на тоа што потрошувачката на елекрична енергија во последнава деценија се има зголемено дупло, а производствените капацитете се на исто ниво. Од ова многу лесно може да се заклучи дека и цената на електричната енергија се има зголемено. Во иднина за да не добиеме вртоглавица кога ќе ја погледнеме сметката за електрична енергија, треба нашите домови да ги направиме енергетски поефикасни.
Што значи тоа? Тоа значи дека за затоплување и разладување на нашите домови да трошиме многу помалку енергија отколку што трошиме сега во моментов. За да го направиме тоа постојат многу начини, но сега ќе зборуваме за најдобриот начин а воедно и за најефикасниот.
Во глобала повеќето градежници во нашава држава се држат само до едно правило а тоа е “потроши помалку, наплати повеќе односно, најмногу што можеш“. И од тука подоцна излегуваат најмногу од проблемите поврзани со енергетската ефикасност. Најдобриот и најефикасен начин за подобрување на енергетската ефикасност е добрата изолација на градбата. Кај нас владее мислењето во стилот, што ќе ставаш толку дебела изоација кога веќе и нема зима кај нас. Последнава зима се покажа дека луѓето со такво размислување многу погрешиле.
Пред неколку денови читав една статија за енергетската ефикасност на куќите во Швајцарија. Таму прочитав податок дека дебелината на изолацијата на ѕидовите се движи помеѓу 30cm и 50cm со што потрошувачката на електрична енергија е многу намалена. Исто така на истото место се сретнав со податок дека, како најпоследен изум е куќата да се гради од двете страни со стиропор, односно внатрешен и надворешен дел. Помеќу внатрешниот и надворешниот дел се поставува арматура односно железни шипки и потоа местото со арматура се полни со бетон. Изолацијата и во овој случај е со дебелина од 50cm па дури и повеќе, а овој тип на градба во комбинација со прозорци кои се составени од три прегради е енергетски нај ефикасен.
За разлика од кај нив, луѓето кај нас многу тешко се решаваат да ги изолираат своите домови а постојано се жалат за високите сметки за елeктрична енергија. Или пак кога ќе се решат за поставување на изолациона фасада се одлучуваат за најефтината варијанта, односно за поставување на изолација со дебелина од 5 cm стропор. Оваа размислување е многу погрешно. Бидејќи повеќето објекти кои се градат за живеење се наменети да траат по 50 и повеќе години и доколку се помножат со количеството на електрична енергија што ќе се заштеди, многу бргу ќе го смените вашето размислување за изолација на вашиот дом. Без разлика дали ќе се одлучите тоа да биде со стиропор или пак со стаклена волна во т.н сендвич ѕид, секогаш имајте на ум дека таа инвестиција ќе се поврати и тоа побрзо отколку што и самите го имате очекувано тоа.
Инаку само како податок куќа изолирана со стаклена волна помеѓу ѕидовите и изолациона фасада со дебелина од 10cm стиропор со стандардна тежина троши околу 40% помалку електрична енергија од друг ист објект само без изолација. Кога ова се ќе се собере на годишно ниво, заштедата е огромна.
Leave a Reply